Сега да не испадне дека го бранам тоа јас кај што сум одела, ама имам другарка што одеше кај Тони и го презапиша математика, годинава почна кај Баже и вика дури сега сфаќам математика.. Така да.. Јас ти препорачувам кај Баже најискрено, од кај Тони не сум слушала баш да се задоволни, плус кога одев јас кај Баже за втор имаше многу што од кај Тони дојдоа кај Баже..
И јас одев кај Баже, факт е дека ни тие што одат кај него сите одма не положуваат ама еве јас првпат полагав во последнава сесија и положив од прва. Ама имам и колешки што летово одеа со мене кај Баже па сега презапишаа. Како и да е, чим јас положив , може секој верувајте
Женски, да не знае некоја како е оценувањето финансиски? Скалата, дали добри поени дава од проектните.. Некоја од лани нека сподели, ме интересира а не можам да дочекам до резултатите
Не викам јас дека ако одиш кај Баже автоматски ти е положен предметот, мора да седнеш и здраво да решаваш.. Муабетот ми се за објаснувањето дека добро објаснува, а знаењето неможе со инка да ни го стави
Може ли некој да ми објасни каде отприлика се наоѓа кабинетот на Владимир Филиповски? Денеска пола час барав и дури мислам дека само неговиот не го најдов Фала однапред
Сега испадна дека не може да се прави семинарска економија кај Предраг, иако тој лично ни кажа дека може на едно од предавањата. Морало усно. Кај Филиповски можело да се прави семинарска економија. Па сега прашањето ми е дали може да пријавам семинарска економија кај Филиповски и кај него да земам оценка, иако електронски и на пријавата за колоквиум предметот го пријавив кај Предраг?
^ Мислам дека мораш да земеш оценка кај тој што си го пријавила за полагање.. Знам лани кога делеа оценки сите си имаа список со тие што пријавиле кај нив, и не читаа посебно..
Од амфи2 продолжуваш по ходникот, од десна страна има скали, се качуваш и вртиш лево и му доаѓа од првите канцеларии.
Dali moze nekoj da mi kaze dali i praitl mail na bilijana, ekonomija za strucniot trud i dali mu odgovorila. deka jas i prativ i use mi nema vrateno
Колешки ај малце да помогнете кој уште еден предмет изборен да го изберам за 4ти семестар . Имаме 2 изборни од кој еден планирам менаџмент на човечки ресурси да го изберам a друг што мислам да го земам се од следниве : Теорија на одлучување Економика на внатрешна трговија Маркетинг на трговски претпријатија Информациони технологии Анализа на временски серии Корпоративно управување Сметководствени контролни системи
Некој од постарите колешки ако може да споделе искуство од основи на економијата на испит како е, дали е тешко, или е полесно од колоквиумите. И основи на сметководство како е на испит дали е тешко, вториот беше ужасно тжок не сум баш задоволна со тоа што го напишав. Фала однапред
МОЈ СОВЕТ теорија на одлучување не,на пишување е се, плус има построги критериуми при оценување професорот и информациони технологии не на 2 дела се полага исто има отворени прашања ,плус практичен испит задачи во ексел и ворд нешо а другите предмети не сум ги имала до сега побарај помош од други за останатите предмети...по мое маркетинг на трговски претпријатија ми фаќа око
Економија на испит цело време исти прашања се вртат, од Либро и тие низ групите на фб што се побарај.. Лани еден другар на сите сесии беше, знам се тие му се вртеа ама кој да ги научи
Економија на испит цело време исти прашања се вртат, од Либро и тие низ групите на фб што се побарај.. Лани еден другар на сите сесии беше, знам се тие му се вртеа ама кој да ги научи Фала многу ме успокои малце
Анализа на временски серии дефинитивно! Многу лесен и корисен предмет. Учите воглавно работи кои што се учени по статистика, ама да ја правите анализата на компјутерски програми. Башка тоа цело време е Маца, која објаснува екстра, а самиот процес на анализа многу ќе ви користи за проекти понатака.
Статистика ми беше доста лесно,овој во споредба со статистика полесен е? Зашто имам слушнато дека било потешко. Друго што ме интересира за предметов е околу предавањата и вежбите дали се задолжителни? И ако знаеш нешто за МЧР да кажеш?
За МЧР незнам, не сум го слишала, а анализа е далеку полесно од статистика. Како што кажав, правите анализа на компјутер. Класични вежби-нема, всушност предавањето е комбинирано со вежби, затоа што објаснуваат како да обработите податоци. Нема да се покаеш.