Ајде искуства да слушнам за да се утешам.. ке полагам математика на испит и одам кај Баже на часови за да "научам" нели.. ама некако ме фаќа паника зошто многу ни се збиени часовиве (ден за ден) и мислам дека нема да постигнам да се спремам солидно, со оглед на тоа дека не планирам да препишувам (зашо не ме бива за тоа и 100% ке ме фатат) :/
Колеги ако има некој прашања по Основи на економијата или Основи на сметководство за испит што се,ве молам пратете ми
Јас летово одев буквално секој ден ,нели сите по одмори едно друго и мораше сите часови од еднаш. Се постигнува, како што предава Баже така ти дома истите пререшувај ги. Мада , искрено јас само 2-3 дали ќе решев Секој ден решавај и после пред испит прелистај тетратките и од се по некоја задача.
А МЧР има мноогу набројуванки за на памет? Или нешто како Организациско е..? Има нешто проекти за плус оценка такви работи? И уште еден предмет за изборен да препорачате за летен семестар?
МЧР е се за напамет ама брзо и лесно се учело, исто ко организациско принцип на учење, само што тука имало точно/неточно, заокружување и кејсови на тест. Имало проект анкета да ја однесеш во фирма за + оценка, само тоа е
А за економика на внатрешна трговија? Слушав дека и тоа е лесно, ама тој Митре што го предавал отишол во пензија, сега како е, кој предава?
Јас како што разбрав математика сеуште не се прегледани, а професорите од утре до 11ти се на одмор така да за резултати математика и сметководство ќе се изначекаме.....
Сега тој го има земено Ежени, која знае често да биде лева. Е финтата е што она беше бремена (така поише бремена) кога почнавме во септември, никој не би знаел уште сега да каже дали ќе се врати до февруари (на пр: Марина-сметководство се врати за 5 месеци, смотана наместо да си поужива со бебето, а ние да одмориме малце ). Ако не се врати некој од надворешна сигурно ќе го земе.
Кој професор предава организациско однесување? Слушнав дека предавале Леонид и Дракулевски. Дали ќе можам да бирам кај кој проф. да го слушам предметов во втор семестар?
Ќе ве распоредат по групи сигурно зошто ќе бидете многу ) Минатата година кај Дракулевски беа 3та година што го имаат задолжителен од смерот менаџмент и 1ва година финансиски менаџмент и менаџмент. Другите бевме кај Леонид. Ама како и да е можеш да идеш кај било кој професор да го слушаш.
Да не знаете каков ќе биде испитот по Организациско однесување сега во јануари ? Мислам дали ќе биде само на заоркужување или ке има нешто на пишување и сл...?
Дали некој знае до кога е рокот за да се оденесе семинарската. Мене професорот ми даде тема но треба кај билјана да ја однесам. Тие што земавте од билјана дали запишуваше нешто или? Каде се наога нејзиниот кабинет?