Нема многу материјал,за прв колоквиум имаше околу 60-70 страни,за втор нешто повеќе.Се учи од скрипта и дел од книгата Лидерство,главно набројуванки за на памет и имаше некоја дефиниција.Имаше 25 прашања од кои 10 точно/неточно,другите беа со повеќекратен избор и можеше сите понудени да се точни. Можеш да презентираш за плус оценка,а лани пушти и неколку списоци,зборувам за групата кај Дракулевски,ама во секој случај не е задолжително присуството.
За тие што прашуваа за социологија да им одговорам дека темата за есејот е од материјалот што е опфатен во учебникот. Инаку професорот на последните предавања пред колоквиумот потенцира за што треба да се обрне внимание и таа тема после ја дава за пишување, значи не мора директно да ви го каже тоа. Спојлер Mожеби маклу ова e оф топик ама морам да кажам дека можеби јас сум единствената форумџика што е активна во темава што досега има земено социологија за изборен. Се сеќавам лани јас кога прашував тука никој не ми одговараше и покрај тоа што неколку пати се самоцититав.
Баш ти фала. А во групата кај Леонид е исто? Знам дека Леонид ја држи деловна етика и не поминуваат баш најдобро..
И јас сакам да земам за изборен Еколошки менаџмент, па некој ако има искуство со овој предмет нека сподели колкав е материјалот, какви прашања има на колоквиумите, дали лесно се поминува? Има многу поделени мислења за овој предмет, ама организациско однесување го немам во предвид.
ЏенЦки Продавам 2 книги: Менаџмент на мал бизнис и Банкарство. Кој е заинтересиран нека ми пише ЛП и ќе се договориме за цена.
прашањево можеби по 100 пат ама неможам да враќам назад мн има математика на испит што се паѓа најмногу и да не знае некој што нетреба да се учи..фала ви многу
1.Потрошувачки кредит или аритметичка/геометриска прогресија 2.Веројатност (лани имаше бином наместо веројатност) 3.Матрици,најчесто матрични равенки 4.Извод (интеграл се паѓа во една група) 5 и 6 Долгорочни финансиски операции,влогови и ренти или амортизационен план (вториве две најчесто) Иначе може да се падне буквално се,така да со среќа Мене ме интересира дали има некоја колешка која полагаше сега втор колквиум ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДТВО, да каже што се паднало???
[/quote] Се паднаа од тие од зоки доста, или скроз исти или со сменети бројки ( задачите), имаше две-три и од тие од позади прашањата што се во збирка, имаше знам за книшење штета некој работник што ја предизвикал и тоа ми текнува..
Колеги ај споделете искуство за ПСР на испит...дали е исто како колоквиумите или цел испит е со есејски прашања???...фала однапред...
Не сум го имала ама луѓе што ги знам лани го имаа и вака беше: 36 ако добро памтам студенти биле само, предавањата покасно им беа, предметот не е баш лесен ама лани испадна зошто малце го зедоа, се учело од скрипта што била многу тешко сфатлива и на висок стил напишана за која требало предзнаење (принцип учиш ништо не сфаќаш), сите со слаби оценки го поминаа ама на крајот професорот ги собрал и ги наградил сите со 9ки и 10ки (9ки тие што не биле редовни, а 10ки што биле), па така тие што имаа 6ки на списоците со оценки после добија 10ки. Ама тоа беше само лани. Така што според мене е ризичен предмет и не би го бирала, професорот бил принципиелен и захтевен.
Е сега навистина се замислив, ама имам избор само помеѓу еколошки менаџмент и социологија. Сега не знам што е подобро да земам. Организациско не бирам од одредени причини, иако знам дека било лесно. И едно прашање во врска со испитот математика. Дали е можно да се падне консолидација и итеративна метода, бидејќи тоа се падна и на колоквиум?
Се паѓа се ,и дефиниции и набројуванки.Набројуванките треба убаво да се знаат бидејќи многу лесно може да ги помешаш.
Препишувај со вибер или оди на часови кај Баже. Ако не ти оди математика не се нафаќај сама да учиш. xD