Гледам по групиве зборат за корпоративно кај Шуклев како изборен дека бил добар да се земе... Малку ми е шубе искрено со оглед на тоа кој го предава, па да споделите и вие некое искуство, совет?
Некој да каже за Економија на инвестиции за на испит во јануари? И полесен изборен за летен семестар.
^Angelceto: Епа еколошки според мене ти е најлошиот избор од овие 3, кога ја би ги рангирала на последно место би го стаила А математика се е можно значи лани биномниот коефициент што 100 години викаа дека не се паѓал се падна
^Математика ако на колоквиум дал итеративна метода, мислам дека сега нема да ја даде затоа што знае дека сите ќе ја вежбаат. Он тие задачки така изненадно си ги дава, тоа е бар моја логика
Математички методи и Сметководство на трошоци. Може да ми кажете нешто повеќе за овие предмети?Дали треба да се иде на предавања, дали треба оригинал книга или фотокопија, се поминува лесно или се невозможни? Благодарам
математика испитов го полагам во читална ,колку ке можам таму да препишам со вибер ://?има ли некој искуство што полагал таму?
Зависи кај ќе седнеш, најдобро ти е во таа дупката што е, доле кога ќе влезеш од врата лево и пак лево има (јас така го викам дупка), една клупа е, или под скалите , и кај и да си, пази многу, од горе гледаат ептен, јас лани кога полагав еден фатија, он доле седеше и од горе му се пуштија
Викаат дека во читална и А1 најдобро се препишува, имам многу колеги што препишаа таму ама лично јас не сум била таму
Прочитав некаде дека Анализа на временски серии требало да правиш проект и била задолжителна презентација? Некој да каже нешто за ова?
Колешки, ги продавам книгите по статистика за бизнис и економија и економика на претпријатие. Ако е некоја заинтересирана, слободно ЛП И да, корпорациско управување* или анализа на временски серии е подобро за изборен? Некој од нив ќе биде, само сеуште не сум сигурна кој
^ Корпорациско однесување не постои.. има Организациско однесување и Корпоративно управување Ова твоево ќе да е некоја комбинација од нив
Колешки може ли да ми кажете како е на испит кај Предраг. Дали е полесно од колоквиумите, дали пак прашањата се логични, и дали се паѓа од Либро? Фалаа..
Ако мислисш за Основи на економија, исто е и кај Предраг и кај Таки Фити, истиот тест е, се паѓаат доста од либро тие прашања и тие што се вртат низ групите на фб, инаку логички се, има доста графици и тоа