Девојки вие сте економисти но можеби би знаеле да ми ги одговорите прашањава: 1.што се тоа КАПИТАЛНИ ДОБРА?? 2.За да се реализира се она што е испланирано со бизнис планот, претприемачот воспоставува :___________??? 3.Бизнисмените својот профит го заработуваат преку___________??? од кестерно се ми а неможам да си најдам одговори,ве мооолам ако знаете помагајте
Полагам сметководство на испит, па ме интересира колку прашања ќе има, тешко ли е и дали ќе има по 1 или по повеќе точни одговори? Помагајте феминки
Да прашам пак нешто за анализа на временски серии.Слушнав дека немало полагање преку колоквиум,туку се изработувала проектна,ме интересира каква е таа проектна,затоа што оценката зависела само од неа?
Нешто теоретско зависно од тоа што тема ќе избереш, и анализата од програмите кои ќе ги изучувате заедно со толкувањето на добиените резултати. Ништо сложено нема предметов, напротив, доста е интерес, работите на компјутер, а не тупате мозок со теории. А, сепак се работи за предмет кој ќе користи понатака. (од искуство кажувам )
Здраво... Вие како паметни и со повеќе знаење и искуство сакам да ве замолам ако можете да ми ги одговорите прашањата по организација за екстерно?! Таман малку да си повторите знаењето...
Колешки денеска проф. Снежана давала оценки по методи, јас незнаев и не заминав. Ќе ми прави поблем ако одам друг ден? И ако знае некој нека ми каже кога и каде можам да ја најдам.
Пошто сум 1ва год и не знам како идат работитесо уплатниците да прашам Доколку имам уплатено таксена марка сега за да полагам математика, а не отидам. Ќе ми важи ли истата уплатница за било кое друго полагање понатаму?
Ке ти важи, нема врска кога си ја уплатила битно да ја имаш.Чувај си ја па ке ја однесеш на некое друго полагање, ми се има случено истото. Ако останеш на дополнителна првин ке одши на увид, си има датум и време истакнато секогаш по број на индекс и тој ке ти каже од кои теми ке ти се паднат две задачи.Дополнителната е обично за 3,4 дена од објавувањето на резултати.