По право се минува, ама кај него ништо не се знае.Некогаш ке пушти со многу малку решено, некогаш со повеке никаде те нема, ни на дополнителна, ни во положени. Мислам дека тој не ги ни прегледува сите тестови, сепак се многу за да професор од негов тип се замара да ги прегледа сите убаво.А со него земи разбери се.Многу тежок човек.Оние кои ги прегледува асистентот се објективно оценети претпоставувам, но оние во рацете на Драге се препуштени на среќа и несреќа .
Дааааааааа.... и само научи ги ЛИФО и ФИФО да ги пресметуваш. Јас кога полагав тие ги учев и седмица извадив
Девојки продавам книги: -Економика на претпријатие(оргинал) -Организација (копија) -Економија (оргинал) -Менаџмент Заинтересирани нека пиша во инбокс
Оценки мора да се земат на денот-терминот што е напишан во соопшетние или може друг ден? И според вас дали е подобро втор семестар да се земе два изборни (на пр. организациско и социологија) или во некој друг?
Оценки ќе се земаат после резултатите, многу логично. Би требало неделава да ги истакнат резултатите.
Препорачливо е да се земе на закажаниот термин а и најсигурно. Тоа го велам затоа што некои професори може да ти прават проблеми ако одиш покасно, или пак ќе ти кажуваат дојди утре, задутре итн... Затоа ако можеш да стигнеш на терминот (или пак дади го индексот на колега/колешка речиси никој професор не бара лично да одиш) нема да згрешиш во никој случај. Кога сме кај изборните најдобро секој сам да си одлучи. На пример јас земав само еден изборен во втор семестар и воопшто не се каам. Со оглед на тоа што имав само 3 предмети, имав време да ги научам и сите да ги положам преку колоквиуми, а притоа извадив високи оценки (две 10ки и една 9ка). Но, тоа не значи ако некој земе 2 изборни дека нема да успее да ги положи уште на колоквиуми (потврдено од искуство на колеги). Напротив, предметите што ви се понудени за изборни доволно е да се учат неколку дена пред колоквиум.
Женски дали вие на економскиот Скопје имате предмет Web Дизајн , тие шо се на е-бизнис? Мене ми е изборен годинава и сакам да го одберам ама некако ме плаши практичниот дел, за теорија не ми е ич страв се се учи, ај некој шо е подобро упатен, нека ми пиши како е то праењето на страни, лесно тешко?
Zdravooo, nova sum na forumov, gledam deka dosta informacii ima za ekonomski, sakam da prasam dali nekoj polagal ispit po smetkovodsvto, dali e lesno..i na so da se zadrzime
Колку што видов по групиве на фб, а и овде имаат пишувано дека многу се паѓале прашањата од Либро и слични на тие од колоквиуми
Да споделите искуство за Јавни финансии и Монетарна економија какви се предметите, колоквиумите, професорите, дали мора оргинал книга и дали користат предавањата? И за МЧР некој за сигурно да каже, лани дали мораше оргинал книга? Низ групиве гледам некој пишал морало, некои спомнуваат некаква молба? Јас колку што знаев не барале, сега нешто смениле?
Јас кога слушам Монетарна економија предаваше Ѓорѓи Гоцков (кој е екстра професор) но сега предава Горан Петревски кој мене ми предаваше Банкарски менаџмент и мене искрено не ми се свиѓа како професор. Не предава добро, се зеза на предавања, кажува вицови и воопшто не го сфаќа сериозно предметот. Колку што разбрав од минатата година давал прашања што ги даваше Гоцков, а не ги кажувал тие работи на предавања. Гоцков ги составува прашањата по логика, како Михаил Петковски, односно да не бубаш туку да следиш на предавања и да размислуваш логички. Материјалот е доста лесен и интересен, се учи за работата на Централните банки, и нема некои големи филозофии. Имаше некои 2-3 лекции кои беа така потешки, но ништо ептен сложено. Јавни финансии предава Михаил и асистентка му е Елена. Предметот не е како ФПИ, не е толку да се размислува логички. Прашањата бараат учење. Учебникот е огромен (повеќе од 500 страни - ако е сеуште тој) но многу се крати, се учи од презентации, а и самата содржина не е тешка. Се учи за даноци пред се, за буџет. Некои такви глупости.
Значи подобро Јавни повеќе да одам на предавања.. А монетарна само од книга учење, без редновно одење на предавања може да се сфати така како што бараат професорите? Зошто ако е таков и да одам нема да разберам нешто многу многу..
Јас искрено Јавни немав отидено ниту 1 на предавање затоа што не можам да го следам Михаил и пак извадив 10ка. И монетарна имав 10ка, ама со редовно идење на предавања. Моја препорака тие да отидеш првите 2-3 предавања и на монетарна, да видиш како-што, зошто сепак секој има индивидуален вкус за предавањето на одреден професор. Види што ќе каже, може сега ќе го сфати поозбилно предметот, со оглед на слабите резултати лани. Сепак, банкарски менаџмент е предмет кој е спој на се што сме учеле претходно: банкарство, финансиски менаџмент, сметководство и сл; додека монетарна не е така. Стварно за Горан не знам што да ти кажам каков е по монетарна. Ако е нешто лошо можам да побарам ако ги чувам белешките од мене (иако не ветувам) па да ти ги дадам. Ќе ти бидат од голема корист ако се уште се служи со прашањата од Гоцков.
Ако ти е во план да учиш многуу не оди воопшто на предавања Јавни, а ако не ти е тоа планот оди Шала на страна, мое искуство а и колегите околу мене предавањата Јавни беа многу корисни.Прво дека дел од тоа што предава на час е на колоквиум, т.е некои негови прашања кои ги поставува на час истите беа на колоквиум, а за нив нема ништо во учебникот. Дури за некои прашања после колоквиум и Елена асистентката се чудеше од кај се, и прашуваше на предавање кој одговор го кажал проф. А друга работа предавањата се интересни, некако осеќаш дека добиваш поширока слика за материјалот како е кај нас и како е во светов