Може ли некоја да сподели искуство со ЕКОНОМСКА СТАТИСТИКА? Задачите се како статистика во втор семестар или.. ? Какви се колоквиумите и кај која професорка е подобро ?
Kој од овие предмети е најлесен за изборен: Економика на внатрешна трговија Сметководствени контролни сестеми Теорија на одлучување Економска статистика ?
Ајде споделете малце искуство во врска со Кирил по економика и Славе по статисика?Какви им се предевањата... тестовите т/н со еден одговор или повеќе?Лесни -тешки? Благодарам однапред
За Славе незнам мене Драган ми беше, а и тие што беа кај Славе доаѓаа кај Драган повеќето ама како и да е оди на предавања и на вежби обавезно, а инаку за Кирил што да кажам, не предава нешто многу добро, ќе се смеете на предавања, и лани пушташе 10 списоци, секој носеше по еден поен и важеа за тие што ќе положат преку колоквиуми само, повеќето само заради тие списоци и одевме на предавања.
Економика јас бев кај Стојан Дебарлиев и исто пушти 10 списоци секој список по еден поен, за повисока оценка.На колоквиуми прашањата се со повеќекратен избор,можни одговори од 1 до 5 колку што се сеќавам. А за статистика вежбање треба нормално, прашањата од либро земи си ги се паѓаа доста и ако не одиш на приватни часови,ако познаваш некој што ќе оди ако сака да ти ги дава тие како тестови и задачи за вежбање посебно Баже што ги дава доста од таму се паѓаше.И да учи си теорија.Немој да мислиш дека ако е статистика се е задачи.Од 25 мислам дека прашања најмалку 15 беа за теорија.Но теоријата воглавно е за тоа како се решаваат задачите, односто ако знаеш да ги решиш горе долу ја имаш и до некаде научено теоријата.Прашањата беа со еден или два точни одговори. Ова е моето искуство.
Без разлика кај кој професор ќе одите да слушате Економика нема да ви биде од голема помош при учењето. Материјалот и прашањата се такви да треба да се седне и да се научи, се паѓаат и набројуванки. Не се работи за нешто што се учи по логика. Статистика како и да е ќе биде само Славе, Драган е во Данска на пост-докторски студии. Одете си на предавања и на вежби, пререшувајте ги задачите после секоја тема и прашањата и задачите од Либро и Зоки и без проблем можете да извадите 9-10. Нормално и малку учење на теоријата.
На групите на фб кажуваат дека професорот давал 70 прашања и од тие 70 на полагање се паѓале 25. Колку е тоа точно не знам. Ако може некоја од постарите колешки да ни каже, објасни би било супер
Ме заплаши ова економикава малце Таман си викам два изборни ќе земам сега, ама сеа се подзамислив Има ли некој искуство да спидели како му било со 2 изборни во втор семестар?
^ Абе не е којзнае колку страшно економика.. Лани и јас се плашев многу дека Кирил минатиот јануари масакар напраи, ама па на колоквиуми добро поминав, се се падна од скриптите од Либро по 40 страни се. Е сега нво јуни исто беше тешко доста ( барем така кажуваа), ама како и да е на кол. да си го фатиш може со скрипти Инаку за изборни чекајте бе, земете си еден сега и онака немате којзнае каков избор... Додуша што знам, може Социологија и Организациско, ама јас би почекала понатака кога ќе има поголем избор на предмети
Јас лани имав 2 изборни социологија и организациско и можам да кажам дека супер поминав, имав две 10ки и две 9ки. Економика и статистика не се некои многу тешки предмети така да мој совет е да си земеш сега 2 изборни за после кога ке имаш семестар со потешки предмети да не запишуваш изборен
Никаков! Нема да ги носиш на предавања, а и да ги носиш ти предаваат професори кои не се автори на книгите. Во тој поглед единствено Шуклев е лев, другиве не прават проблеми.
Дали и на статистика и економика и организациско е задолжително присуство (односно дали пуштаат списоци) ?
За потпис не е задолжително даваат како и да е, ама статистика е многу корисно да се оди на предавања, а економика лани пушти 10 списоци што носеа по 1 поен секој.
Некој ако може да ми каже нешто за: 1. математички методи 2. сметководство на трошоци 3. еколошки менаџмент и 4.анализа на временски серии Било која информација е добредојдена. Најмногу ме интересира за книги дали мора оригинал и дали е задолжително присуството?