Ако си запишана од некои постари генерации од 2010/2011 тогаш можно. Од 2010 ги намалија партиципациите, па со тоа ние имаме и помали плаќања по кредит.
Економика Стојан и Кирил дават 10 поени но кога ќе заврши 1 колоквиум . Значи после 20 Март они ќе пуштат 10 списоци и тие поени важат само ако си положил на коловиуми . На испит не
Да прашам, има некој од форумов што планира утре да оди на предавањето по анализа на временски серии? И кај се наоѓа тоа смебе?
SMEBE е кај амфитеатар 2 по тој ходник првата предавална десно.Предавална со компјутери, на вратата пишува СМЕБЕ
Има на група некој/а постар колега на смер финансиски меџмент, да ни кажат нешто за Хартии од вредност, Меѓународен финансиски менџмент и да за Управувачко сметковотство??
Колешки ми треба мала помош од вас т.е. од поискусните Дали може да се случи по грешка да ми внесат оценка во електронски индекс?Значи го немам положено предметот, а сега гледам дека ми пишале 6 во положени испити.Дали е можно да е грешка до тетките на студентски или на списокот со резултати имам погрешен број на поени, а уствари да си го имам положено? И што значи кога предметот ти стои во листа на префрлени испити?Значи овој испит го имам положено сигурно.
Дали има некој дург што не му се внесени оценките од положените испити електронски? Дали треба да идам на студентски или?
Мене не ми се внесени сите положени предмети од овој семестар, само макроекономија ми е внесен другите не.. Незнам што е работата
Колешки, дали статистика,економика па и по организациско и социологија мора да се купат нови учебници или не се прави проблем ако се постари/фотокопирани?
Нема потреба. Ќе ти ги внесат наскоро. По обичај професорите чекаат да помине испитот (крајот на јануари), па ги пополнуваат пријавите, па ги симнуваат во студентски, па тетките од студентски дури да ги внесат, а сега се зафатени со запишувањата... Ехеее, тоа ти е цела процедура. Не се секирајте за тоа. Ништо не ви се менува дали денес, дали утре ќе ги внесат.