Дефиниции само на прв лани имаше, и прв беше мнооогу потежок од втор, на прв имаше само 15 прашања и дефиниции и набројуванки и забутани работи значи немаше што нема, а малку прашања и немаш фора многу да утнеш, додека на втор 20 прашања и се набројуванки беа и многу беше лесен, мислам дека убавите оценки на повеќето се должат на бодовите од втор колоквиум. Учев само од скрипти и имав солидна оцена на колоквиумите, предметов ако ви остане за испит лошо ќе биде, гледам доста го презапишаа сега, само во септември лесно поминале, додека јуни а особено јануари било крш.
Ако е заинтересиран некој(нека пише лп) продавам Математика за Економисти ,збирка,таблици ,книга ,нови скроз и +задачи решени од приватен професор......и ако може некој да ми каже дали за економика на прет. е стварно доволно да учиме само од скриптатаод Либро ,за да знам ако е така книга воопшто да не ни купувам...фала однапред
е сега да ве прашам,вие како економисти да ми одговорите какви типови картички има,за што служат пример,мастер,маестро и др. кажете за кој дел ,за што се... само за во странство,само вадење пари,итн.
Ова најдобро на страните на банките да си видиш има за сите картички и кредтни и дебитни се напишано еве ти пример линк од една банка.. http://stb.com.mk/platezni-karticki.nspx јас имам мастер дебитна од стопанска затоа и ти го пратив овој линк, имаку во сите банки има. Лично со мојата можам да подигам пари до банкомат, да плаќам и ми важи и во странство, подетално имаш на линкот и за неа и за други
Дали може да ми споделите искуство во врска со Сметководство на трошоци и Ревизија? Обични работи, на пр.дали треба книга оригинал и слично.. ? Фала многу
Некој ако може да ми каже нешто за: Маркетинг на услужни дејности , Маркетинг политика на цени и Деловно планирање. Ви благодарам многу
Ако може некој два три збора за Управувачко сметководство,Инвестиционен менаџмент и Деловно планирање ?
Постојат 2 вида на картички: кредитни и дебитни. Кредитните картички служат за вадење пари од банкомат и за плаќање, и од истиве постојат различни видови во зависност од сумата со која се располага на нив (од лимитот), додека дебитните служат само за вадење пари од банкомат. Виза и мастер се само различни видови (различни производители), инаку со истите намени. И со двата вида на картички може да се плаќа преку интернет, и да се користат секаде во странство каде што има виза и мастер. Инаку, постојат и различни дизајни на дебитните. Посебно за пензионери, посебно за студенти (ова за во Тутунска банка)
Дебитните картички не служат само за вадење пари од банкомат. Со нив се плаќа, се до износот кој го имаш на сметка. Во било која продавница која има апаратче, и тие се наменети да не носиш ќеш, тука нормален платен промет да вршиш безготовински (во рамките на можностите - како со ќеш). Со кредитните ти си во минус со сметката, и за тој износ после тоа и плаќаш на банката камата. Самото име - кредитна картичка го кажува тоа.
Дечки ај некој ако има брането магистерски труд кај Таки Фити да пише, сакам нешто да прашам. Фала многу
А тоа апаратче се вика пос-терминал и освен фискална од местото кај што купуваш добиваш и слип од пос-терминалот (потврда за извршена трансакција изгледа како фискална ама не е). Имам дебитни Маестро и Мастер и од Комерцијална и од Стопанска, Виза електрон не претпочитам, овие нудат повеќе можности, можат да се користат и во странство.
Молба до сите колеги и колешки Економисти, дали имате некои податоци за Договор за пренос преку воздушен пат? И доколу имате ако може малце некоја информација вака за канаринчево, да не е без ич...
Ако сака некој да ми каже нешто повеке за предметот осигурување? И многу важно од која книга треба да учиме бидејки Драге не кажа ништо на предавањата.
Ај ако може некој да ми каже нешто повеќе за интернет маркетинг... Дали пушта списоци на предавања и на вежби?
Некоја колешка што лани полагала монетарна да каже какви биле прашањата, материјалот ми се гледа како лесен, а слушнав колоквиумот бил тежок??? Исто до каде е материјалот за прв колоквиум?