Форумџика на годината

Економски факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од LadyS, 18 јуни 2010.

  1. elence132

    elence132 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    105
    Здраво феминки , ми треба една огромна помош !!!! Не знам дали прашањето е за овде но ќе ве прашам , ... :) Ми треба помош со една задача од Финансиско сметководство . Задачата е голема и комплицирана , но ми треба бар 2 решени од 5 точки . Ве молам , тие што сте го полагале овој предмет и ако ви се јасни тие работи да ми помогнете , еве ја задачата а ако сака некој решението може во лп да ми го прати или на емаил.. Ви благодарам однапред
    Задача 2.
    За деловниот ентитет „Н.Н." - Скопје во Дневникот евидентирајте ги следните сметководствени настани за месец февруари:
    Позначајните сметки на 01.0.2013 година, во Главната Книга, ги имаат следните почетни салда:
    - Трошоци за гориво 95.000 ден.
    - Приходи од франшиза 40.000 ден.
    - Набавна вредност на трговски стоки 135.000 ден.
    - Приходи од извршени услуги 1.050.000 ден.
    - Трошоци за електрична енергија 50.000 ден.
    Во Дневникот евидентирајте ги следните сметководствени настани за месец февруари:
    1) На ден 03.02.2013 год. деловниот ентитет "Н.Н." - Скопје по фактура бр. 55/13 продал постројки во износ од 200.000 ден. и пресметан ДДВ - 18%, набавната вредност на постројките изнесува 500.000 ден., а акумулираната амортизација изнесува 400.000 ден.
    2) На 09.02.2013 година купена е државна долгорочна обврзница во вредност од 350.000 ден., со номинална вредност од 300.000 ден., камата 30.000 ден., и рок на достасување 5 години. На крајот од месецот доспеан е за наплата првиот ануитетски купон на обврзницата во вредност од 100.000 ден. По истекот на 5 години, обврзницата е продадена на „РР“- Скопје за 300.000 ден.
    3) На 08.02.2013 година на купувачот "М.М." - Скопје по фактура бр. 26/13 продадени му се трговски стоки од консигнационен магацин бр.1 за 500.000 ден., ДДВ - 5%, консигнациона провизија 12,5%, платена царина 5.000 ден. и набавната вредност на трговските стоки во консигнациониот магацин е 30.500 евра (62,85 ден. за 1 евро) по фактура бр. 2/13 од странскиот добавувач „С.С.“- Франција. Истиот ден платена е фактурата бр. 26/13 од страна на купувачот, платени се царината и ДДВ спрема државата и платен е делот од продадената трговска стока на странскиот добавувач. Истиот ден по договор бр.5/13 во комисион примени се книги од физичко лице „Х.Х.“ во износ од 15.000 ден., ДДВ-5%, комисиона провизија 11%.
    4) На 28.02.2013 година се прави пресметка на платата за месец февруари, пришто 350.000 ден. се нето плати, 35.000 ден. персонален данок од плати, и 79.000 ден. се придонеси од плати и истиот ден по извод бр.65 се исплатува.
    5) Да се утврди финансискиот резултат за деловниот период и распределба на истиот и да се спроведат потребните книжења на ден 28.02.2013 год. во сметководството на деловниот ентитет „Н.Н." – Скопје. Данок на добивка (10%), во задолжителни резерви се распределуваат 500 ден. и остатокот во нераспределена добивка.
     
  2. maaaa

    maaaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Дали ќе може некој да ми каже организациско до каде е за прв колоквиум? Благодарам
     
    На t-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. yesyes

    yesyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Може ли некој да ми каже, ако ги има слушано, анализа на финансиски извештаи и правни и етички аспекти? Кој е полесен од овие два предмети?
     
  4. rak1

    rak1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    45
    Знае ли некоја феминка економистка од што и до каде треба да се учи Социологија и Организациско однесување за 1 колоквиум?
     
  5. peregrina

    peregrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    34
    Сакам да прашам што мислите кој е подобар Зоки или Либро и дали имаат разлики во цените. Јас купував од Либро но воопшто не сум задоволна од односот и пишуваат една цена а наплаќаат по друга.
     
  6. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Девојки итно ми треба семинарска по електронска трговија или нешто поврзано со тоа ве молам ако има некој нека ме извести во лп. Ми треба за друг факултет. Ќе ви бидам многу благодарна!
     
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    8.905
    Пол:
    Женски
    Значи факултетов станал бизнис институција, криминал тежок...

    Каква е таа казна од 1000ден. во рамки на рокот за запишување?Еј 1000ден!
    Што е работава, ректорот ли треба да вози авион до факс сега, не Мерцедес?
    Па кога ми кажаа џигерот ми се одлепи и тоа зошто ги платив, затоа што сум отишла во термин за 4та,а не за 3та па така направив и лани и никој ништо не ми кажа,а и нема логика никаква битно во рок сум не сум отишла после месец дена.
    А и никој не те прашува уште помалку свака, зошто си закаснил?Па и да нема никоја посебна причина, а имаше, сепак 1000ден затоа што некој не си го наполнил џепот доволно...Испонаплатија казни на многу студенти, само незнам до кога вака ке не стрижат, само нешто плакаме и тоа некои високи суми и си молчиме демек нема да го осетиме иљадарчето.Студентите ги движат промените, а додека молчиме ништо...

    Уште помалку ми е јасно кој ги донесува овие правила, дали воопшто се има некаква контрола и увид во работењето на факултетот.Кај се колегите од студентскиот парламент кој и да не застапува?Или и тие работат строго за лични интереси?Срамота, една голема срамота за сите нив.
     
    На theEconomist му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theEconomist

    theEconomist Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Лелеее и мене истото ми го направија... Многу се изнервирав. Јас во септември кога запишувавме семестар бев во рокот од 4та, а 3та сум и никому ништо. Катастрофа е факултетот!!!
    И да ви кажам од што се нервирам од нив, уназад не им ги купувам ни уплатниците :devil:
     
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    8.905
    Пол:
    Женски
    Ма какви уплатници, еднаш купив и толку, а и листовите за запишување произволно си ги ставаат цените еднаш се 30, па 35, а за запишување 50ден.Тогаш секој мора да ги купи...идиоти.
     
  10. Lily2727

    Lily2727 Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Ако некој продава книга социологија оригинал, нека ми пише во лп? :)
     
  11. peregrina

    peregrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    34
    Стварно нема смисла ова со казниве една другарка не беше у можност да плати пишуваше молба за рати да плаќа и додека да плати прва рата поминал рокот и и ставија и казна од 1000 денари. Нема смисла тоа што и го направија пишува молба за рати што значи не е у можност па уште и бараат казна бе.
     
  12. kravina

    kravina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Колешка мораше да плати казна, календарска е 4та година и денеска ја вратија бидејќи морала во рокот од трета зш имала презапишано предмети... Амаааан веќе , уште колку ќе бараат!
    Дај боже на нивните деца вака да им биде, дупло повеќе да даваат се надевам ќе осетат некогаш....а може и никогаш........................
     
  13. Sm1ley

    Sm1ley Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2013
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Колешки, знаете до каде треба да се учи Економика на претпријатие за прв колоквиум и до каде се стигнати со предавања?
    Фала однапред :) :)
     
  14. peperutka7

    peperutka7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    91
    За прв колоквиум заклучно со 4 глава, а денес Стојан предаде до 164 страна.
     
  15. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    По статистика што треба од теорија најмногу да се учи? Дефиниции, набројувања? А тоа што е компјутерски дел не треба?
    И организациско каков тип на прашања се паѓаат, бидејќи има малце материјал дали се прашањата лесни или нешто ги комплицираат? :?:
     
  16. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    4.543
    Пол:
    Женски
    Статистика може се да се падне може и набројуванка дефиниција зависи :)
    Огранизациско учи набројуванки и чат пат се паѓаше некоја дефиниција. Али прашањата не се комплицирани едноставни се
     
    На Desert.Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. rak1

    rak1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    45
    А прашањата на заокружување ли се?
     
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    ^На заокружување се, инаку статистика логички беа повеќе теоретските да ја сфатиш суштината :)
     
    На rak1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cholipam

    Cholipam Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    445
    Колешки што ке треба да направам за да одам на пракса во фирма со која факултетот нема договор? Упатете ме малце, фала однапред :)
     
  20. noAngel

    noAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли да ми објасни некој од веќе димпломираните како оде пријавувањето на димплоскиот труд, избор на ментор, тема и сл? согласно правилата за да се пријави димплоска треба да имаме освоено минимум 200 кредити јас имам 209 заклучно со минатиот семестар. дали може веќе да ја пријавам дипломската и како се прави тоа?