И јас учам од скрипта, но прво читам се од учебникот за поубаво да разберам, а и ако некоја набројуванка ја нема во учебникот, ја запишувам во скрипта. Како што прочитав овде на форумов, а и во групите на фб може со скриптата да се положи со солидни бодови ако се научи убаво.
^ мислам дека во скриптата има доста непотребни набројуванки. Во учебник се збиени, нема ни да ги приметиш.. ни со болд, ни со ништо не се. А ваму ги направиле најбитни Денеска Стојан рекол дека треба да се фокусираме на болдот, на најбитните ствари. Јас си учам од учебник дека викаат потежок бил првиов колоквиум, да не ризикувам да паднам заради таа скрипта
Да и јас ги учам тие што се со болд или истакнати со цртички. Исто ги учам и тие што се неприметливи набројуванки (тие што се дел од реченица). Учам болдирани дефиниции да не им текне случајно да дадат. Единствено не ги учам објаснувањата, само ги читам.
Имате ли книга каде сто малку повекје се објаснуваат финансиските активности на банките? Ако да, ве молам пратете ми некоја слика од текстот
Колеги знаете ли до каде треба да се учи за прв колоквиум по Организациско, само тој делот ко скрипта што е или треба и од книгата? Благодарам
Ај ве молам некој нека ги слика задачите статистика решени (во тетратка како што се и нека ми ги прати)
Заклучно со 6 тема. Третата тема не треба да се учи, од 130 стр. до 137 исто така е скратено и од 5 тема треба да се учи заклучно до точка 5.3.