^Да и веруваш на Плавуша. Лесно е организациско мал материјал, има сличности со економика, така да полн погодок да се избере во втор семестар, а и ист е начинот на полагање. 25 прашања, секое носи 4 бода. Граница за оценки фиксна. Отворени е испитот, на колоквиум нема. Ако научиш напамет ќе го решиш тестот без проблем, ама ако не тешко таа работа
На листовите од првиот час пишува со 67, барем на нашите тогаш, и едвај нешто што пишува на нив е вистина.
Не сакам да те плашам но тежок и испитот исто така. Предметот не е, напротив дури мене ми беше интересен, книгата е убаво и разбирливо напишана, дури и материјалот е мал, лани ни се фатија 100 и нешто страни за кол.Работата е што професорот дава многу двосмислени, збунувачки прашања, згора на тоа не кажува колку одг се точни(мада лани беа 3макс. немаше повеке) и не дава можност за нов шифрарник, значи ако згрешиш нешто тоа е. Јас на испит го положив, а секоја сесија по 50 души има само положено,така да научи го убаво и со срека.
Статистика вистина ли не треба ништо да имаме пишувано во таблиците (мислам на формули да се допишат бидејки има некои што се потребни а ги нема) ??
Лани си допишав, ама им кажав дека имам допишано, а други колеги не им кажаа, па не им направија проблем..
Може ли некој да ми каже отприлика каков тип на прашања ќе има статистика? Дали даваат поопшти или треба убаво да се знае се што е теорија?
Асистентката рече дека проф. Славе многу се лутел ако имаме нешто допишано на формулите. Јас планирам и така ги имам во електронска форма формулите, да ги допишам тие што фалат и да ги испринтам.
Задачите се истите од вежби, само со различни бројки. Не се плашете од нив, тие се полесниот дел од тестот. Прашањата исто не се многу тешки, читај од книга и фокусирај се на побитните работи. Иначе лани даде некои зезнати прашања од четврта глава, иначе во глобала лесно беше. Јас да прашам за лани СОЦИОЛОГИЈА, колку прашања беа на прв и колку поени носеа? Нас ни даде 28 денеска,дали секое носи по еден поен? И каква беше бодовната скала?
Теоријава што е за веројатност никако не можам да ја запамтам. Задачите се лесни, па уште ако бидат како тие од вежби супер.
Ај ќе ве молам ако на некоја од групите на фб има ставено списоци за полагање статистика да ги стави некој и овде зш стварно незнам од колку саат да одам утре
Може ли некоја колешка од погорните години да сподели искуство за првиот колоквиум по статистика, дали е доволно да се знае теоријата од презнтациите од веб страната (професорот што предава од нив), во поглед на теоријата а не за задачите. ? - Бидејќи како што сите кажуваат од теорија требало најглавното да се учи, а тоа го има во презентациите.
Ke moze li nekoj od postarite generacii da mi kaze organizacisko dali ima nekoj prasanja i dali se pagaat od niv na kolokvium. Blagodaram
Ima nekoj statistika shto e kaj profesorkata Kalina, od e biznis smer, da go prasham neshto vo vrska so zadachive ?
A nekoj shto ima zemeno ekoloski menadzment izboren, da mi kazhe koj e materijalot shto treba da se uchi za prv kolokvium? Ili nema takov ?
Јас го имам земено еколошки менаџмент...И освен тие прашањата друго не планирам да учам, освен ако имам време да прочитам нешто од тоа материјалот 70 страници што ни е , ама не верувам.Само од прашањата што ги даваше на час.