Да,сега се одбираат. Мене ми кажаа дека трговско право е добар смер за изборните. А би сакала да ја прашам Гоу,за тоа што го кажа за е бизнис...Стварно ли е тоа за смерот...? И на кој се префрли ти? И како јас да знам кој смер да го изберам сега... Нее,не се нервирам многу....
Аман бре и тоа ли да го мислам сега???? ццццц ќе ме умре овој факултетот уште не почнат ....... да не спомнувам дека сонував пред некој ден како каснам првиот ден и сум ги испуштила сите предавања А каде треба да го напишеме тоа за кој изборен го одбираме?
Не ми се верува да е утре тоа бидејќи јас пред некој ден бев на факултетот и ги земав сите документи за запишување и никаде не пишува таква работа ....... Сега пак проверив и нема ..... Да не е тоа кога ќе почнеме со факултетот? Оти нема смисла сега да не терат да одбираме ....
Не,тоа се одбира утре.Јас имам братучед кој беше денеска во Скопје и требало да одбере еден од тие погоре изборните...Само еден...А како,што..Јас сега чекам да ми дадат број негов,да му се јавам,да го прашам...
И јас слушнав дека трговско право бил најлесен и најразбирлив за учење,од тие што ги знам скоро сите ке го земат него.Само зошто го нема во листата што ја стави viiip?
Изборните предмети ке ги напишете на пријавата одозгора кога ке се запишувате бар така ние лани направивме. Инаку за трговско ич не се мислите изберете го бидејки е најлесен
Да,ама еве сега братучед ми ми кажа дека само тој не можеш да го бираш ради кредитите...И јас сега се двоумам кој да го изберам...
Па лани можеше а за оваа год не знам, може има некои измени, инаку во 2 семестар го слушавме. Кажи од кои можеш да избереш па ке ти помогнам малку ако се двоумиш за некој
Кој ве излажал дека за прва година се овие предмети за избирање?Овие се изборни,некои за некои смерови редовни за сите години. Инаку,трговско право не е најлесен за разбирање и учење.Апстрактно е,па донесете заклучок,дали е или не е.Јас лесно го положив,ама тогаш многу и се намачија и слаби резултати се вадат воопшто цела генерација. Најлесен е економија на тп,кој како сака нека каже.Интересно е за учење и се учат само набројуванки кои се лесно препознатливи.
Добро сега, за секого е различно. Од лани тие што ги имаше понудено за да ги избереме, трговско мене па и на сите што го имаа избрано ни беше стварно најлесен. А и немаше нешто што беше несватилво. Повеке работи беа од општа култура. Тоа ако е тешко тогаш не знам што друго би било полесно.
Јас ги пишав само изборните што се во летен семестар зашто се ужас, а во прв семестар го има трговско право... И да на факултет на упис ќе ви дадат уште 5 листа да ги пополните не само комплетите што ги пополнивме со индексот што идеа... Иии нема врска со кредитот ке прогледаат низ прсти не се секирај зошто мора да го избереш тој, за после на крај да имаш точно кредити... И јас го одбрав во 1 семестар трговско право ...
Сакам банкарски менаџмент или банкарство...Ама со овоа кредитите... А може и основи на е бизнис,братучедот тоа на пример,го одбрал....А размислувам и сметководство ...
Јас сум втора година на економски во скопје департман економија..и ми рекоа дека колоквиумите и испитите не се полагале оптички туку со пишување ..ако знае некој ве молам да ми кажете,фала однапред