Дали ми требаат потписи за секој предмет за да можам да дипломирам? или битно е само да ги имаам оценките во индекс?
Јас колку што знам потписи требаат и за да можеш да завериш семестар. Ако немаш заверено семестар, не можеш да запишеш нов, или ќе завериш но со казна. За да дипломираш треба да имаш заверено 8 семестри. Ако немаш потписи по некои предмети, истите си ги плаќаш и тоа е тоа Сè е поврзано едно со друго. Освен ако нешто не е сменето
Така е, да беше поинаку немаше да трчаме по потписи во последната недела пред колоквиумска, нити па тие што не зеле немаше да ги плаќаат истите административно. Мора да ги имаш сите потписи
Немам земено потписи од предмети од претходни семестрии но сепак имам заверено. не ми имаат праено проблем.. и имам земено и оценки по тие предмети.
Се спремате ли за втор колоквиум статистика? Како ви оди? Некоја препорака да споделите од претходни генерации, препорака од демонстраторите/асистентката од вежби?
Само кажаа дека ке бидат многу сторги казните за ако те фатат со телефон и асистетката го прави тестот па кажа ке се потрудам да биде полесен... ама не им верувам мн
Слушнав дека за е-бизнис ќе било прилично строго дека покрај аситент, ќе ги чувала и професорката Калина. Сите од тој смер ќе полагаат во една просторија.
Ако може да пишете што спаѓа во вториот колоквиум од организациско однесување, вонреден студент сум, ве замолувам
За вториот колоквиум требаат следниве страни 13-29, 53-93 и 99-136 од книгата Лидерство. И некоја ако била на пракса во Комерцијална или Стопанска банка нека сподели искуство, каде е подобро?
Има некој земено Еколошки менаџмент изборен, или од минантите години или овогодишната? Само прашањата дадени од професорот ќе ги учите?
Да само тие прашања , ништо друго.На првиот колоквиум скрос истите се паднаа ништо ново.Полесен предмет здравје.
Да и јас така знам, само си мислам да не ги смени како што им направи овој по социологија ))) Фала сепак )
Ама нас Социологија не ни ги даде самиот професор па да ги смени, туку тие беа прашања што се вртеа низ Либро и низ групиве.. Ако ви ги дал професорот не верувам дека ќе ви ги смени
Дали некој може да ми каже лани колку студенти примаа на Финансиски менаџмент на државна и приватна квота? Оваа година се 150 со 50, па сакам да знам дали се повеќе, помалку или исто како лани. Ви благодарам однапред