Мислам дека на тој листот што ни го даваше профрсорот пишуваше дека и во јуни е на пишување. Ако го има некој од овде тој лист нека види уште еднаш...
Пишува на листот дека во јуни организациско се полага на заокружување со 40-50 прашања, а во другите испитни сесии има 3-4 прашања да се раскажат цели лекции или делови од лекции.
ако не завериш во твојата година не плаќаш,треба да го почитуваш рокот за заверување не знам до кога беше точно,ако појдиш пример кога е за трета година а ти си прва не плаќаш
Прашај си на студентски најдобро, гледаш сите различни информации имаме. Носи си 400-500 денари за секој случај, ама познавајќи го факултетов, нема шанси да испуштат некоја казна да не ти наплатат.
Казна се плаќа ако не си дојдеш во терминот што е за твојата година, значи ако не дојдеш за тие ден два што се за тебе се плаќа казна.Е сега тоа зависи и од тие на шалтер.Можеш да си ја пробаш среќата и да ги замолиш, кажи им зошто не си можела и ако сакаат можат да ти пријават и покасно.Како ќе бидат расположени.
Треба да ја пополниш, да отидеш кај некој професор да ти се потпише, ама најубаво прво договори си каде ќе одиш на пракса за да го пополниш и тој дел (појди до некоја банка и распрашај се како и кога примаат практиканти) и на крај на студентски да ти удрат печат.