Види, на економски нема дефицит, од се има по многу Најбаран е финансиски, и според минатата програма ако ме прашаше. ќе ти речев запиши се економија, зошто беше полесна од финансиски, но со новава, финансиски е драстично олеснет и според мене би ти бил мн подобра опција........
Мене економски ми е најтапа факултет , никогаш не би се запишала таму,па и да е последен.Колку ги знам што завршија таму,и со многу висок просек,сега продавачи едвај се.
Тоа што знаеш дипломирани економисти со високи просеци што се продавачи не ти дава за право да кажеш дека Економски е најтапа факултет, затоа што и ја знам дипломирани на ПМФ и Фармација што работат за по околу 10.000 разно-разни работи неповрзани со нивните факултети и таксисти со Машински факултет па тоа нема врска со самите факултети. Да пазарот на труд е презаситен од економисти, ама ако размислам подобро има еден куп невработени и со другите факултети, или што работат све и свашта за минимални плати (ти наведов примери погоре). Затоа не трескај глупости.
Зашто мешаш други факултети кога реков за економски?како лично мислење си кажав дека воопшто не ми се допаѓа тој факултет,а пмф во споредба со економски...............без врска споредуваш работи.И ако си учела право,ќе знаеш дека секој си има право на свое мислење,така и ја сега си го кажав моето,а кој -што како и зошто..ни најмалце не ме интересира.
Сакам да се запишам на факултетот бизнис и логистика во Скопје на УГД, имам 68 бодови за упис. Ме интересираше колку е цената за во државна и приватна квота па отворив и незнам дали јас сум грешка или незнам да видам пишува дека 70 луге примат во државна квота со 100 евра и 40 луге примаат во приватна квота со 100 евра. Како е тоа можно и дали нешто сум грешка, еве ви линк: http://www.ugd.edu.mk/pdf/konkursi/2014 ... 5_1rok.pdf
Дека биле продавачи со Економски, па чисто да ти дообјаснам дека и со ПМФ еден куп не завршиле на поарно работно место од тоа
Дефинитивно финансиски менаџмент.Најперспиктивен смер според мене.Велат нема врска кој смер си, но имам наидено на доста огласи каде што предност имаат дипломирани економисти од одреден смер, а тоа најчесто е финансиски или сметководство. Не за џабе учиме доста различни предмети. Плус сега по новата програма е многу олеснет, криво ми е што не се запишав година подоцна.
Help me, I'm lost!!! Каде се наоѓа книжарата на факултетов ? Внатре во економскиот факултет или за цел универзитет има една книжара? Утре треба да идам по пријава за упис а незнам каде треба
Здраво, еве ме со уште едно прашање во врска со економски факултет, сакам да се запишам како вонреден студент, меѓутоа не сум вработена, па со лекарско уверение, е сега прашањето ми е кога треба да се однесе лекарското уверение сега кога се уписите, или кога ке биде објавена листата на примени студенти па ако сум примена тогаш или сега при запишувањето????
Девојки сакам да ве прашам дали ќе направам грешка ако се запишам во Велес на дисперзираниот ? и ако има некој што веќе студира таму да ми каже нешто повеќе ,дали се исти професорите и дали има воопшто некаква разлика од оној во Скопје? Одговорете ми побргу
Здраво феминки, би сакала доколку некоја од вас е на смерот Сметководство и ревизија на Економскиот Факултет- Скопје да ми каже свое мислење околу смерот, и дали е еден од подобрите и просперитетни смерови на овој факултет, доколку нема некој на тој смер, добредојдени се сите ваши мислења околу смерот и воопшто околу факултетот.
Здраво би сакала да ми кажете мислење за смерот надворешна трговија, доколку има некоја на тој смер што е би сакала да ми каже како е, се разбира и во врска со предметите какви се дали се лесни, тешки
Епа зависи ако нешто те интересира ќе ти биде лесно за учење......иначе како што имам слушано 1 семестар на економско ти е исто со и другите смерови....имам една другарка на надворешна т. вика интересно и било,сеа не знам секој различно сфаќа (x единствено за маркетинг што имам слушано дека не е баш кој знае што.