Е бизнис не мора да одиш на предавања, но на вежби да затоа што даваат поени за присуство Вежбите се многу лесни, за се ќе најдеш на интернет. 40 поени носат, максимум. Материјал имаш по 40тина страни на колоквиум. Од колоквиум максимум имаш 60 поени. Лесно може да положиш и да имаш висока оценка
Јас сум Е-бизнис, ќе може ли некој да ме упати околу изборниве предмети, да даде мислење и да сподели искуство? Во дилема сум
Здраво на сите сакам да ве прашам за во врска со плаќањето на Економски факултет, дали треба да ги уплатиме тие 3300 и 200 денари?Фалаа
Тие 3.300 мораш да ги уплатиш, а тие 200 се за студентски парламент и е факултативно - што значи дека не мораш да ги уплатиш доколку не сакаш
Јас пак да прашам уште нешто не ми е јасно, за уплатницата од 200 денари таа што бираме дали ке ја платиме на страната ги има дадено само примач, банка на примач и сметка, а сметка на корисник, приходна шифра и програма не, дали знае некој како треба?
ќе може некој да ми прати линк од тоа кај пишува колку треба да се плаќа кога упишуваме година?ја се мислам по 1100 плаќавме од кај сега 3300 прва рата
Здраво на сите, јас сум нова на форумов и се регистрирав се со цел да дознаам некоја информација плус во врска со економски. Се запишав на сметководство и ревизија па би сакала некој да ме упати малце повеќе во врска со смерот. Исто така ме интересира дали на образецот за запишување на семестар треба сама да го пополнам делот со предметите и кои се изборни за прв семестар(не можам баш да се снајдам на страната на економски )
Тоа 3300 мислам е само за тие што се 1 година. Ние коа бевме 1 уплаќавме 4050 + 750 + партиципацијата и + кој сака 200 ден. студентски парламент. За тие што не сме 1 година ќе пишува по колку ќе плаќаме накнадно сигурно Не, сега запишуваш зимски семестар и пишуваш предмети само од зимскиот, значи го пишуваш само изборниот од зимски.
Продавам учебник по Основи на сметководство. Гратис добивате и цела решена збирка со задачи и прашања од кои 90% се паѓаат на полагањата. Пишете ми во инбокс за повеќе информации.
дали тие 200 денари за партиципација за спеф мора да се платат и која е разликата во тоа дали ќе се плати или не ?
тие 200денари не е задолжително да се платат тоа кој сака да им даде некој денар плус ако мислиш за студентски парламент.ако не платиш ќе си заштедиш 200денари
Математика ти треба оригинал збирка и таблица зошто се носат на полагање и Основи на сметководство збирката зошто на вежби се носи (иако можеш и со копија вежбите ги држат демонстратори студенти), другото можеш и копии ама не можеш да идеш на консултации кај професорите во кабинет со копија нели мора да имаш оригинали.