1, 2 или 3 од 5 можни во секое прашање мислам беше со тоа што задачите и книжењата се нормално со 1 можен, и точно/неточно исто
Се е на англиски ама не е воопшто тешко (нормално да имаш просечно разбирање на англиски), ако се обрне внимание лесно се поминува на колоквиуми И вежбите се прават на англиски ама тие се уште полесни зошто се се наоѓа на интернет
Здраво, оваа година се запишав на сметководство и ревизија,па дали некој може да ми објасни дали треба за секој предмет да се купи и книга од професорот (имам слушнато дека ако не му ја купиш нема да положиш)и нешто околу администрацијата на факултетот,дали се точни гласините што ги слушам дека барале мито,па дури и некои други услуги. Поздрав
Незнам со кого си зборела, ама тој малку си влегол во филм Не треба да се купуваат книгите, може со копии, освен Менаџмент и Математика кои се носат на полагање. Околу администрацијата, нема мито, има студентски прашања кај што ќе си чекаш ред и ќе завршиш работа Не е толку страшно
И менаџмент ли се носи на полагање? Нели таму има многу набројуванки, сите ќе си ги видиш од книга... Или не е толку лесно како што изгледа?
^ Ех така да беше.. Се носи затоа што се решаваат кејсови. Првиот пола саат ви дава лист со кејсови, ги решавате, после ви дава тест и ги оставате книгите на страна
Однесување на потрошувачи или Методи на продажба за изборен? Не барам за „полесно“, каде е пофер третманот од проф. и материјата е поинтересна?
Се менува со коректор ако не си се запишала уште на Студентски, па и ако си се запишала се менува ако платиш 1000 денари и административна такса од 50 денари. УПИС НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2014/2015 http://www.eccf.ukim.edu.mk/Articles/News/306
До сите бруцоши: Се продава збирка, таблица и учебник математика (издание 2012), плус добивате и решенија на сите испитни комбинации, како и решени задачи надвор од збирка кои се паѓаат на испит. За повеќе инфо - инбокс.
Ќе може мислење за изборниот „Деловна етика“ ? И дали некој знае дали се признава етика положена на педагошки? Дали ќе ми се признае барем дел од математика затоа што гледам и овде има варијации, пермутации, комбинации а тоа јас го имам полагано исто на педагошки....?
Деловна етика како предмет е многу досаден. Не се разбира баш материјата особено таа за првиот колоквиум, ама повеќето што положуваат на колоквиуми вадат добри оценки. Се учат набројуванки и дефиниции на памет. Прашањата имаат пет можни одговори и сите е можно да се точни. Се добива оценка плус од презентации исто и од присуство. За прв колоквиум омаше 137 стр. а за втор 80. Се учеше лани од скрипти, оваа година може и книга има издадено, ама не верувам. Јас со ден учење пред колоквиум земав 8. Малку напорно за учење, ама со малку труд и време добро се поминува.