па колку што знам во прва година учат сите исто и не е важно на кој смер си запишан а веќе во втора учиш на смерот што си запишан а за префлањето треба молба и 500 ден. се плаќа читав на страницата за економски и ми велеа ако не ти ја прифатат првата втората или третата ти ги прифаќаат
Нека каже некоја девојка што е на смерот општа економија. Јас колку што знам, тој смер има 2-3 предмети исти со останативе смерови. Најдобро да одиш на студентски прашања на факултет и се убаво да ти објаснат
Дали може некој шти знае да ми каже што се е потребно за упис, од каде на најдам пријава и уплатници ?!
Еве на странава се ти пишува што ти треба, иначе пријави, уплатници и се останато имаш во книжарата на Економски. http://www.eccf.ukim.edu.mk/za-fakultetot/novosti/93
Ти пишав и на темата за Уписи на факултет и пак ќе ти кажам, многу тешко оди префрлувањето на финансиски менаџмент запиши се на некои од овие смерови каде има помала конкуренција ама и што те влече воедно, зошто, викаш втора,трета молба... А знаеш дека молби се доставуваат во август/септември? И дека не се одлучува одма по молба, него ќе те влечат еден месец и ти секако ако не ти ја прифатат ќе мораш да си запишеш 2ра година на тој смер кај што си значи имам искуство со 3ца другари од минатите 2 години, па затоа и јас директива запишав финансиски и по цена да плаќам плус 200 евра годишно.. Значи запиши некој смер не без врска, и тој да ти се допаѓа, несакам да те обесхрабрувам, ти посакувам се најдобро и да се префрлиш и се, ама не е се така едноставно, несакам да се разочараш понатаму.... Плус сега ќе влезат 200 души на финансиски менаџмент, и ако префрлат уште, ќе треба цел факултет само финансиски менаџмент да е смерот... Имам многу другари што и оваа година ќе конкурираат за префрлување на финансиски менаџмент и баш ќе ти кажам дали успеале или не.... Ти посакувам се најдобро
Дали некој има поднесувано молба до деканат, и ако истата ја има зачувано да ми ја прати само да видам како иде, ми треба урнек што се вика... Сакам да поднесам молба, со оглед на просекот кој што го имам да ме префрлат од приватна во државна квота, ако е тоа возможно нели, ама сакам да пробам, да не ми биде мака... И ако знае некој како иде постапката за поднесување молба до декан...ПРЕМНОГУ ќе Ви бидам благодарна
Значи нема везе луѓе, мноогу колеги/колешки киднаа на финансиски ланска година, на почеток наравно. Молбата се одобрува секогаш. Не му ја мислете, направете им финта запишете се на друг смер ако немате 95+ поени. Инаку префрлување од приватна квота на државна нема. Тука може само да ти даат можност поскапо да поминеш, за поевтино нема теорија Инаку прв пат слушам за таква молба, а се сомневам дека некој бил толку храбар за да ја поднесе. Ипак Viiiiip сама смисли ја молбата, а урнек можеш да најдеш на нет. Значи нема везе, нема некои прописи, само треба да ја скоцкаш на пр. според некои правила за пишување молба на нет шо ќе ги најдеш. Па со среќа, и ако ти ја одобрат, пиши тука, можеби и други феминки ќе соберат храброст
Зошто да би немала храброст, не правам кривично дело... таман работа. Јас минатата година со свои уши слушнав за девојче која поради успех поднесе молба, е сега дали и ја одобриле или не јас тоа вистина незнам.... Јас ќе се распрашам дополнително, ама на пример на ПМФ мој другар беше еден од најдобрите во генерацијата и му смалија плаќање, тоа беше минатата година, ама што се слушува на економски... Ќе видиме, прво нормално убаво ќе се распрашам, имам луѓе таму, па ќе видиме
Јас знам дека тоа е од дамна укинато на Економски и не познавам никој што го префрлиле од приватна во државна квота, ама ако толку сакаш да пробаш-пробај, може ќе упали, никогаш не се знае.
Не мислев да те навредам во секој случај, само така се изразив Секоја чест на храброста ипак. Поентата ми беше дека факултетот не би одобрил бидејќи не им одговара помалку пари да црпат од нашиот студентски џеб, ипак Економски е, кај нас све е најскапо и кај нас се наплаќаат и најмалите ситници дури и потписите
Не ме навреди, таман работа... Нвм... Само ме интересира нели нешто имаше минатата година дека не треба да се плаќа за студентски парламент или халуцинирам???
Па имаше побуна од Студентски индекс, као демек незадолжително е, ама ипак кај нас на шалтер си го тераа филмот - задолжително е. Јас не платив, се извадив некако, таа тетката ми рече покасно да и‘ однесам уплатница, и мхм може и‘ однесов. Од годинава пак као демек ќе биде задолжително, ама ќе видиме колку ќе платат студентите
Неможе да е пак задолжително кога веќе откруиај деак е на доброволна база плус тоа е најмалиот проблем сега најголем е провизијата за таксени марки ало во стиое банки е 50 денари провизија
^^ Значи нема врска. Еве пишува на страницава на Економски дека упис на година е од 05.09, а почеток на година на 15.09. Си останува по старо.
Има ли некој што како изборен предмет во прва година ,прв семестар има полгано социологија или промоција?
Јас имам полагано промоција пред 2 години. Не беше тогаш нешто многу тешко, ама сега слушнав дека било потешко. Се двоумиш меѓу социологија и прмоција изборни?