Со среќа на тие што ќе почнат на 15 со прво предавање математика. Јас ја имав таа (не)среќа лани ова време.
Ако може некоја од постарите колешки да ми даде било каква информација за изборните предмети: *Аграрна политика (Сашо Ќосев) *Општествено богатство и национални сметки (Сашо Ќосев) *Деловна етика (Леонид Наков) *Индустриска политика (Љубомир Кекеновски) *Демографија (Славе Ристоски) Кој од овие е најлесен и кои 2 би ги избрале?
јас го имав деловна етика и не би ти го препорачала зашто лично мене ми беше многу безвезален,комплициран малце,колок. беше на заокружување со повекекратен избор. Јас ако треба пак да бирам никад не би го земала. Демографија исто имав, и лесен,интересен предмет е,лесно се свака и полагањата се ептен лесни,одговорот од небото се гледа кој е точен. А ако може некој да каже за аграрна политика Општествено богатство и нац.сметки и индустриска политика. ?
Дали се сеќава некој на трите прашања организациско од лани испитот во август ? или од поправниот сега во јуни,исто дал три на прераскажување слушнав дека ги повторувал истите прашања би ви била мн благодарна ако се сеќава некој на истите
Па тежок предмет е, во прв семестар е најтежок. Ама не е невозможна мисија нормално. Ќе си видиш самата кога ќе почнеш џабе дискусии околу ова.
Не те плашам, не е тешко, туку околностите ќе ти покажат дека мојот исказ е вистинит. Ќе видите кога не првото полагање од 1500 души ќе пушти 300. Сега на испитов во август од 600 - само 40 положија. Секој факултет си има по некој проблематичен предмет што ги мачи студентите. На Економски тоа е овој. Професорот ќе почне да ви предава за низи и редови уште во првите 10 минути.
Колеги некој ако има направено промена на смер да ми објасни што треба да се направи . Јас прашав во студентски прашања ми рекоја сама да си искуцаш молба ако можи некој што правел таква молба да ми помогни како да ја направам
Молба обична ,треба да наведеш која год си на кој смер си моментално и причината зошто сакаш да се префрлиш..одприлика тоа треба Но незнам дали ти кажаа дека откако ќе ти ја прифатат треба да платиш уплатница од 2000 ден. исто така Се им е лоповско па и ова ...и секако ако си во државна квота автоматски те префрлаат во приватна.
Лесен и корисен предмет, предмет што не се буба туку се чита и се учи логички, да се сфати суштината. Прашањата се да размислиш и одговориш, во книга не се наоѓаат. Ако звучи страшно, лесно е многу
Треба да поднесеш молба до факултетот за испис, да уплатиш 1000 ден. на сметка на факултет( можеби и повеќе, не сум сигурна), и постапката не би требала да одземе многу време ( до 3 дена).
На студентски прашања, мада мислам дека тоа барањето од ЈСП што се пополнува не треба да се заверува, само потврдата за редовен студент е во надлежност на факултетот, кога вадиш билет само го носиш индексот и потврдата (која се плаќа 100 денари), зимаш барање од пултот на ЈСП - го пополнуваш, ги плаќаш сите придружни трошоци (+ и фотографија треба да си однесеш нели) и тоа...