Колку отприлика чинат книгите по математика ( мислам на учебникот + збирката) за I година, да ги купиш оригинали на ново.? А колку на старо?
Некој да сподели искуство за предметот Меѓународни организации и интеграции кај Габер, дали треба оригинал книга, каков е начинот на оценување, дали мора да се прави презентација или може да се помине и без неа? И за трговско право дали е подобро да се учи од скриптата и презентациите или и од учебникот за да се добие висока оценка (10) ?
Трговско и во мое време со скрипта и през. се стигаше максимум до 8, а 9 и 10 имаа тие што учеа од книга. Секоја година е се потешко и потешко затоа што го воведоа како задолжителен предмет а ја коа го полагав тоа и не беше, а прочитав по групите на фб дека проф. ќе го сменел цел принцип оваа година така да учете си од книга.
^ Трговско право јас лани го имав земено за изборен и за да се добие повисока оценка 9/10 требаше скриптата да се знае од А до Ш, но немаше потреба да се учи од учебник. Минатата година беше потешко за разлика од претходните а прочитав во некоја група демек оваа ќе било уште потешко (не знам колку е ова точно). Спојлер Јас лани кога се распрашував ми сите викаа земи си го, прелесно е, се вадат високи оценки 9ки/10ки со еден ден учење ама не беше така зашто со еден ден учење успеав да извадам 8мица.
Колку и да ги сменат прашањата трговско, пак се со еден точен одговор. Тоа многу ја олеснува работата. Јас оваа година имам 8ца само со презентации. Може имаше едно-две прашања од книгата, ама ако ти се другите точни пак можеш да имаш 10ка. Патем, продавам копија статистика. Инфо ЛП.
Колеги ве молам ако знаете да ми кажете нешто за изборните Индустриска политика и Општествено богатство и национални сметки.
Се е на пишување по двата предмети, општествено нема ништо за плус оцена и нема предавања, околу 100 страни по колоквиум. Индустриска има повеќе материјал и треба редовност.
Општествено бил лесен многу, јас зборев со девојче што го имало. Ако е на пишување, професорот бил фер за оценување, а давал најважните работи.
Ме интересира нешто да прашам, можеби прашањето не е за тука но морам итно да знам Една моја другарка сака да се запише во скопје на економски сега со трет уписен рок, а следната година да продолжи во Словенија право 2 година, дали ке и бидат признаени испитите од тука или ке ја вратат пак 1 година?! Има ли некој што знае? Ако има нека пише pleasee
Сакам да прашам нешто ако знае некоја феминка да ми каже. По старата програма имам задолжителен предмет од 6кредити, а сега по новата гледам дека е 8кредити? дали некоја се нашла во слична ситуација? ме мрзи да идам само до студентски за да прашам
За ова треба да го исконтактира тамошниот/те факултет/и (преку мејл) и нека им ја објасни нејзината ситуација. Тие најсигурно може да и кажат. Според Болоњската декларација би требало да и бидат признаени ама ништо чудно да треба да се дополага некој испит, ако предметите не се поклопуваат во целост. Значи, се зависи од студиските програми овде и таму па затоа треба добро да се информира околу студирањето во Словенија. Тие што се запишани пред 2012/2013 си тераат по старата програма, така да задолжителниот ти останува 6 кредити.
Продавам оргинал збирка и таблица по математика купена минатата учебна година. Исто така ако некоја е заинтересирана за копии од останатите учебници можи слободно да ме контактира
Продавам учебник економија, сметководство учебник и збирка и деловна етика книга и скратена скрипта. Сите се копии, но добро зачувани. Дополнителни информации во лична порака.