Дали може некој да ми каже што да напишам на уплатницата за казната од 1000 денари за задоцнет упис на семестар? Фала ви однапред
Знае ли некој дали мора на крај да имаме 240 кредити за да дипломираме или може 1,2,3 кредити што ни фалат да се доплатат? и дипломската како се смета 240+5 или ?
Мислам дека можеш да имаш 235 и дипломската +5 до 240 со тоа што тие 5 кредити ги доплаќаш, а ако имаш 240 + дипломската 5, не плаќаш кредити само за дипломската што треба..
Го разгледав распоредот што е објавен на страната на факултетот и во понеделник ми се поклопуваат предавањата. Од 12 до 14 часотт имам економија тоа ми е задолжителен предмет и во истиот термин имам деловна етика кој ми е изборен. Дали има некој друг со ваков проблем?
Ќе може да ми кажете кој предмети се изучуваат во смерот Менаџмент? Има ли многу математика ? И дали воопшто има некаква иднина за работа со овој смер? Разгледував на официјалната страна на факултетов ама не можам никако да се снајдам.... :geek: :geek: Ако може малку помош? Ви благодарам !
Се случува да се поклопуваат предавања, али доколку не ти бара редовност на Деловна етика не мора да одиш на предавања, оди на Економија или обратно.
Многу теоретски смер со предмети неприменливи во пракса. Немаш конкретна област на интерес. Мене ми е многу сличен со Економија смерот. Општо се учи по двата, има математика и статистика во прва година и тоа ќе го имаш и да си на било кој смер. Не би ги избрала менаџмент, ебизнис или економија никад у животов. За иднина за работа не знам од лично искуство, ама познавам луѓе до ден денес невработени со смеров. Би ја споредила со правен факултет динамиката на изучување. Апстрактен е многу и не е конкретизиран.
Менаџмент и економија се претерано спротивни смерови. Менаџмент е напамет учење, економија е разбирање и сфаќање. Неспоредливи се. Иначе освен Математика за економисти што ја учиме сите, има математички предмет Наука за менаџмент во 7 семестар
Јас распоред не можам да најдам.. може да ми пратиш линк? Или кај ги најде? На страната од факултетот не можам да ги најдам...
http://www.eccf.ukim.edu.mk/Table/62 Настава / Распоред - Распоред за настава во зимски семестар 2014/2015
Мора да пријавиш упис онлјан, обавезно е Ако мислиш на оригинал , тогаш основи на маркетинг не мора , а основи на менаџмент мора да е оригинал.
za menadzment imav slusnato deka ucebnikot mora da e original ama i deka treba nov da se kupi za da se polozi kolku ima vistina vo toa ?