1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Економски факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од LadyS, 18 јуни 2010.

  1. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    42
    економисти сакам да ве прашам едно прашање што сега многу ми е важно...сега ќе се запишувам на економски и ми кажаа дека кога се запишуваш пишуваш 3 смера на кои би сакала да студирам демек ако не те примат во едниот те префрлат во др така нешто е сега мене не ми е јасно ако запишам 3 смера и ако не ме примат на првиот што сакам да учам дали тие автоматски ме префрлаат на вториот па на третиот или има нешто друго тука????
     
  2. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    И јас сега ќе се запишувам економски и слушнав дека имаш опција да ги подредиш сите 7 смерови од 1 до 7... од кој најмногу го сакаш до најмалку . И ако не влезеш во 1 влегуваш во 2 итн.
     
  3. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    42


    јас разбрав дека имало само 3 да напишиш па затоа нека ни кажи некој од постариве генерации како оди оваа работа
     
  4. bisercCe

    bisercCe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Да прашам дали копиите од дипломата од матура и сведителствата треба да се заверат на нотар, и зошто би требало тоа да се направи, т.е. за што ни се потребни овие документиве освен за запишување :?: :?: :?: ?
    чекам одговори за со време да го завршам тоа ако треба, зошто за 6 дена е уписов :x
     
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Не бе какво заверување. Ги даваш оргиналите и ќе ти ги вратат кога ќе дипломираш, до тогаш на факултет остануваат.
     
  6. bella18

    bella18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    dada..se mislam sociologija , promocija,delovna etika ili trgovsko pravo..
     
  7. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    социлогоија од редовна поредовна,стручен труд и супер колоквиумите 8 ми пиша а на испит 10ки фрчеја..деловна етика е за напамет не го препорачувам а трговско ќе го бирам се учи од презентации и скрипка..а за промоција незнам :)
     
  8. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    кога јас се запишував тоа беше лани имавме сите смерови да ги подредиме..јас конкурирав за на е-бизнис,потоа другите 6 ги напишав во зависност од бројот на студенти што примаат..сегде има гужва ама финанскиски и е-бизнис оваа година мислам ќе биди фул..ги препорачувам за втори на листа економија,маркетинг,надворешна,менаџмент..
    па вака лани на економија државна последниот беше 82,102
    маркетинг 80,174
    надворешна 80,041
    менаџмент 83,50
    сметковод.88.860
    финансов 94.891(овие податоци се од лани и незнам колку би ви помогнале )
    не се плашете ако не влезите во смерот кој го посакувате и конкурирате.прва година е секаде иста во било кој смер, па така ќе си ја исчистите и другата година ќе се префлите..не е ништо страшно со срејќа
     
  9. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    42

    значи автоматски тие те префрлаат во другите смерови ако нема место каде што сакаш да се запишеш???
     
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Јас на твое место трговско би избрала. Колоквиумите ти се со еден точен одговор (не се како кај другите со повеќекратен) ептен е лесно, се учи од едни скриптички. А промоција не би ти го препорачала за прва година. Јас го имав во втора и сега не е многу лесен како порано.
     
  11. Jeniffer

    Jeniffer Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Ger23
    А на е-бизнис со колку поени беа лани последниот на државна, а со колку на приватна?
     
  12. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Абе зошто со тоа се замарате луѓенца. Слушајте паталец да не патите и вие.
    Јас имав 89 бода и знаев дека неам шанси на ебизнис и на финансиски. Ама пуста, си ставав во глава дкеа нема да влезам ни на маркетинг, ни менаџмент. Тогаш влагаа по 70 во квота и исто ко вас, опсесија ми беше дали ќе плаќам 200 или 600 евра. И е-бизнис беше 400 со 800. Е сега вие имате олеснување и имате опција од 200 или 400 евра. Што е боље. Како и да е, се запишуваш кај сакаш. Секој смер на економски е перспективен, развиен, со квалитетни професори. Сега има разлики во математики само.
    После на запишување втора година си идеш во студентски прашања си поднесуваш молба и ќе ти ја одобрат.
    Јас знаете што напраив? На пријавата напишав смер економија, па ја сменив напишав менаџмент, па ишкртав и напишав маркетинг. Од толкава забуна, а се думав искрено меѓу менаџмент и маркетинг, економија ја немав воопшто во предвид. И знаете што? Ќе влезев во државна квота и на економија, и на менаџмент, и секако влегов на маркетинг. И ми се погоди тоа што го напишав, ми падна на памет дека можам да си одам каде сакам, но кога видов дека повеќето пријавуваат маркетинг на мој шалтер, и кога го разгледав убаво водичот, ми дојде срце на место.
    И сега знаете што ми се случува? Немам 18, да сум сеуште на почеток, па да имам време да размислам што сакам да правам во животов, туку скоро 21, каде ми останаа уште половина од студиите. И сега разгледувам изборни предмети од сите други смерови, затоа што сакам да имам проширени знаења, сакам да не бидам само на маркетинг ограничена, затоа што не знам дали во иднина се гледам во креирање на маркетинг стратегии, промоции и слично. Ме фати и паника, се прашав себеси дали згрешив 100 пати, правев и муабет со сестра на другарка која е дипломиран економист на департман менаџмент, а работи во банка во сектор ревизија. И тоа што го работи сега, сигурно не го научила на факултет и не го полагала преку колоквиум. Искуството и добрата пракса ни е неовозможена за жал.
    Така да си знам дека небитно на кој смер сум, дека ова знаење без разлика дали имам просек 9.6 или 7.7 ми е некаква основа на која ќе не можам ни да се потпрам, затоа што одново ќе учам и тоа од работното место.
    Така драги исплашени бруцошки, немајте гајле. Кој смер и да го завршите - во диплома ви пишува дипломиран економист. Во тоа што го учите, колку и да ви е интересно, колку и да се чувствувате дека се пронаоѓате, верувајте не е исто со тоа што ќе го работите. Може да се преразочарате од големи очекувања.
    Перспективен ни е факултетот, тежок си е и полн со неправди.
    Верувајте дека овие грижи се ништо во споредба со стресовите пред колоквиум и слично.
    Уживајте го последниов месец, после тек доаѓа тешкото, мкнење по читални, барање прашања, учење стихотворпски, мозгање една реченица и слично. Да не ве плашам, јас секогаш на време си завршувам, со солидни оцени кои и не ми се важни. Летото ми е слободно, колоквиумите на време завршени, дури и со кампањско учење по некои предмети успевам. Ви посакувам среќа, и не му ја мислете многу, ете видовте ако имате над 81бод влагате во државна квота. Ако не, 400 е се помалку од 600 или 800.
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  13. feminka.mk

    feminka.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Девојки,се предомислив во последен момент дека сакам на економски да се запишувам и сега немам втор соодветен интерн предмет имам хемија и биологија.Постое ли нешто што можам да направам да преполагам или постое некој друг начин...??? |( Секој одговор е добродојден..Поздрав!
     
  14. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Што може да се работи ако имаш завршено економски факултет на смерот сметководство и ревизија? :fubar:
     
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Па провери во конкурсот дали одговараат тие предмети, ако не тогаш можеш да се запишеш само во втор рок, ако има слободни места, а и да останат ќе бидат со кофинансирање (400 евра), ако имаш добар просек размисли убаво :?: А на што сакаше да се запишеш претходно?
     
  16. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметката на Факултетот на име студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата (податоци кои треба да се внесат во уплатницата)
    Назив на примачот: Буџет на РМ - Економски факултет – Скопје
    Банка на примачот: НБРМ
    Сметка: 100000000063095
    Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
    Приходна шифра: 723013
    Програма: 41

    значи треба да одам во НБРМ и со уплатница да уплатам 300 денари?
     
  17. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Можеш да уплатиш било каде, пошта, банка, прашај кај е поевтино, затоа што негде ќе те фати скоро ко дупла сума. И уплатницата пополни ја, ваљда знаеш како треба, пиши сум 300 денари и готово :)
     
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    ^ Јас стално у поштата на Правен плаќам, најмаце провизија земаат. Банкиве ќе те одерат.
     
  19. Ivycka

    Ivycka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Ми треба информација од постдипломец... Ме интересира дали може да се прекинат привремено постдипломските студии да речеме на година и пол - две откако веќе сум студирала година? Можно е да заминувам во странство на година дена па ме интересира дали е возможно и кои се условите.
     
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Треба да имаш екстерно или англиски или математика тоа ти е сеедно, а интерно историја, географија, англиски пр. ако си зела математика екстерно и обратно, филозофија, социологија, информатика... зборам за средно гимназиско, мислам тие се. Хемија и биологија дефинитивно не се бараат, а за преполагање искрено мислам дека е касно, иако можеш да си прашаш, ама и да може еве, ќе учиш од почеток се на пр. филозофија? Мислам дека прекасно си се премислила, со среќа во секој случај. :)