По математика таблиците и збирките се носат на испит самиот професот тоа го кажа и да треба оригинал, а сметководство можеш и копии, професорката кажа дека збирки немало во книжарата па може копии а за учебникот кажа да е оригинал ама не прави проблем ако е и тој копија
А и математика оргинал учебник? Ми кажаа пред некоја година не спомнал ништо за копии, па на крај испаднало дека не смее.
Учебникот не се носи на полагање, што значи можеш копија да си земеш. Ма да ја не знам некој студент што учел од учебник.. ретко кој го купува. Битно таблица и збирка да имаш.
Некој да ми каже за испитите по Финансиски менаџмент и Економија на инвестиции какви се? колку прашања? отворени? заокружување?
Продавам книги,скрипти,формули,вежби и решени испитни комбинации и задачи од предметите за прва година ,и за зимски и за летен семестар.Информации во инбокс!
Секако дека може. Може да се научи предметов, не е научна фантастика, и покрај тоа што не е воопшто интересен (мое мислење). Не мора по секој предмет да се оди на часови а и башка се паѓаат доста прашања и задачи од оние по копирнициве, особено од Зоки. Со лесно
Некое мислење за финансиски менаџмент? Материјалот сега за сега ми изгледа интересен и Сашо добро предава. Полесно е на испит или на колоквиум? Тешки тестови дава? Потрбно е да се земаат часови за задачите?
Продавам учебник и збирка сметководство и учебник деловна етика заедно со скратена скрипта за колоквиум. Сите се копии. За повеќе информации пишете ми во лп.
Дали некој знае по математика учебникот и збирката од кое издание треба да бидат, дали може да се земат од претходни генерации или има ново издание и треба да се купи? Дали може учебникот да биде копија? И дали секогаш ги дава истите прашања на колоквиум?
Од 2009 па навака. Може да земеш од претходна генерација. Учебникот не е потребен, ама ако сакаш да го земеш може да е копија. Никогаш не се паѓаат исти задачи математика, можеби исти типови, ама исти бројки барем јас не сум сретнала. Дополнување: Продавам копија по Деловна етика заедно со скрипти, Статистика (учебник,формули, скрипти), Економика (скрипти и учебник) и Организациско однесување.
Разбрав дека од понеделник ќе имало нов комплет книги математика (учебник, збирка и таблица), така да би ве посоветувала да почекате