Продавам книги за прв семестар, математика (збирка, таблица и книга), основи на сметководство (книга и збирка) и трговско право комплет книга и скрипта. Пишете ми во лп.
Продавам математика збирка, таблица и учебник, плус гратис материјали, некои решенија и задачи пишете ми во лп.
Може. Професорот кажа дека книжарата е затворена и заради тоа учебникот ќе го има од утре, 12:00h во издавачката куќа “Култура“ или така нешто, не се сеќавам баш. Иначе ме интересира дали збирката сметководство се носи на испити како што се носи математика, т.е. дали треба да биде оригинал?
Не се носи збирката сметководство на колоквиуми/испити, а за оригинал, мислам дека може и копија. Знае ли некој дали некаде се продаваат оригинал книги за прв семестар на старо ? Или ќе мора да барам по луѓе
Треба ли скрипта по трговско право или доволно е само учебник? И што се содржи во таа скрипта,да не се презентациите во неа?
Скриптите се посебно, презентациите од Зефир се посебно, а книгата е нешто трето и исто така - посебно.
Дали математика има голема разлика за учебникот од 2009 со 2011/2012 ? Збирката и таблицата ми се 2011, а книгата 2009 па да знам дали да купам нова или и од истата можам да учам дома, зошто сите ми викаа книга и не ми треба.
Предлог за часови финансиско сметководство ? Слушнав некоја Еми, добро предава , кај се наоѓа и колку се плаќа?
Продавам: -Сметководсто учебник и збирка -Деловна етика учебник и скрипта -Економика на претпријатие учебник и скрипта -Статистика учебник, формули со таблици и прашања за колоквиум -Организациско однесување книга Лидерство заедно со скрипта Сите книги се копии и се одлично сочувани. Ги давам многу евтино само да не ми седат дома. Повеќе информации во лп.