Мoже зa прoлaз, зa oценa е пoтешкo пoбaрaј ги списoците сo oцени oд кoлoквиум и тие oд јaнуaри и види си сaмa, резултaтите сaми кaжувaaт зa јуни и aвгуст мoже е другa прикaзнa, не знaм тoa, aмa зa јaнуaри знaм.
Абе колешке све е индивидуално тоа.Ја мислење побарав само ете затоа што од мн блиски што го полагале во јануари ми рекоа лесно е.Немаме сите ист капацитет за учење. Секој различно кажува.Не е страшило нашиот факс.Само да се загрее столче треба малце. Јас пример сега основи на менаџмент го спремав само 3-4 дена по 2-3 часа на ден.И го положив.А демографија полагав од 10:15 а го учев само истиот ден од 7сабајле до 9 ,значи 2саати само и го положив со доста бодови(6 прашања утнав само од 30).Демографија е мн лесен предмет да тоа се знае ,но менаџмент пример сите направија баук од него,а според мене предметот излезе сосем спротивно. Но,не е битно тоа зборот ми беше секој од своја перспектива кажува,не учиме сите исто и не на сите ни треба исто време за да научиме нешто.
Провери си го мејлот, сигурно ти имаат пратено известување. Во секој случај еве: З.У. Поликлиника на Универзитетот Св.” Кирил и Методиј” - Скопје, им соопштува на редовните и вонредните студенти од ПРВА ГОДИНА на ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ да се јават на задолжителен систематски преглед од 10/11/2014 до20/11/2014година од 7.30 дo 12.00 часот Систематскиот преглед ке се врши во просториите на Поликлиниката која е сместена до студенскиот дом “Кузман Јосифовски Питу”-Скопје на Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.58 и тоа по следниот распоред: Понеделник10/11/2014.---Финансов менаџмент1група(индекс55654-57849) Вторник 11/11/2014. –-----Финансов менаџмент2група(индекс57850-58535) Среда 12/11/2014.------------Е-бизнис 7 група Четврток 13/11/2014 ------Менаџмент 5 група Петок 14/11/2014 ------Сметководство и рев.3група(индекс55872-58014) Понеделник17/11/2014.----Сметководство и рев.4група(индекс58015-58554) Вторник18/11/2014.---------Економија 6 група Среда 19/11/2014.------------Надворешна трговија 9група Четврток20/11/2014 ----------Маркетинг 8 група Систематскиот преглед опфаќа: - Лабораторија (крвна слика и преглед на урина) напомена:студентот немора да биде гладен - Општ медицински преглед - Превентивен стоматолошки преглед Потребни документи:-Индекс -Заверена здравствена легитимација и електронска Здравствена картичка. -Копија од здравствена легитимација(од 2 до 5 страна) НАПОМЕНУВАМЕ ДЕКА согласно одлуката на советот на Универзитетот број 28/3 ниту на еден студент нема да му биде заверен зимскиот семестар додека З.У. Поликлиника на Универзитетот Св.” Кирил и Методиј” Скопје, не потврди во индексот дека студентот е систематски прегледан во 2014/ 2015 година. ВАЖНО Се молат студентите строго да се придржуваат на распоредот за систематски преглед.
Fpi tesko li e na ispit I ima li otvoreni prasanja oti za 2 kolokvium ke daval otvoreni.... Ako ima nekoj iskustvo da mi kaze. Blagodaram
Знае некој како е на испит Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации? ги дава ли истите прашања како на колоквиум?
Не ми требаше ти да ми кажеш дека сите имаме различен приод кон предметите и различен исход, затоа што имам поголемо искуство од тебе на факултетов и можам ја тебе да ти кажувам само, а факт е дека сите индивидуални искуства собрани даваат целина и ја ти ја кажав целината зошто ти тоа го бараше. Побара мислење и го доби. Факт е дека е полесно преку колоквиуми на тој предмет за повисока оцена. Не реков дека не може да се извади, ама 10 никој не извади и не ни знам да добил некој во јануарска сесија 10. Кај овој професор и по Основи има малку 10 секогаш. А ако тебе не ти е за 10, тогаш тоа е друга работа. А демографија 6 прашања да утнеш од 30 не се доста бодови, затоа што ја лани го учев помалце од 1 ден за двата колоквиуми и имав 10 и плус презентација - над 100 поени, а на 1 колоквиум не утнав ниедно прашање. Не знам што имаше врска едниов предмет со другиов, ама ако веќе спомна чисто да ти кажам дека не е за фалење твојот резултат
Колешке нез навистина кој проблем го имаш ја прашав за мислење ти ми кажа,и ти кажав фала а ти продолжуваш да ме убедуваш.И убаво кажа ЦЕЛИНА ,а целина е повеќе луѓе што ќе кажат а не само ти А за демографија никој не рече дека е фалење,јас самата реков дека предметот е прелесен,а и со 2саати учење ако сум успеала јас да извадам 36 бода од вк.45,а тоа е 9.Да учев саат повеќе или пола саат само повеќе ко што викаш ти си учела неполн ден ќе ми беа сите прашања точни Незнам што се обидуваш да ми објасниш ти! А јас најмногу и за менаџмент спомнав,не за демографија толку.Него го земав уз збор само затоа што има некој и два три дена го учеле па пак не извадиле мн поени. Се е индивидуално значи А за тој факт дека можеш ти само да ми кажуваш бидејќи си постара се вараш.Ниту на мене ниту на било кој друг. Совет можеш да дадеш и свое лично мислење и го даде во првиот пост и фала ти И толку.
Девојче ако бараш совети по форуми прифати ги и толку, а не да објаснуваш како ти си прашувала по други и ти кажувале друго итн. итн. итн. А и не знам зошто прашуваш тука, кога веќе нели ти кажале дека е подобро испит и не знам што е дилемата тогаш, кога си сигурна? Ти кажав убаво за тој предмет можам да ти дадам искуство, за ФПИ не можам зошто не знам како е на испит. Што имав најдобронамерно ти кажав со цел да ти помогнам да си се спасиш ти лично преку колоквиуми, ама очигледно ти не разбираш совет што е. А сигурно дека ја можам да ти кажувам искуство зошто сум ги имала тие предмети што ти сега ги имаш, сигурно не можеш ти мене зошто ти моиве уште си ги немала. И нема проблем.
На испит има 6 задачи и 2 теоретски прашања, за да се положи треба да решиш најмалку 4( со три најчесто става на дополнителен) иако понекогаш прави и остапки од ова правило, така да ништо не се знае, најпотребно ти е среќа за предметов.
Стварно? Па не ми се исплати трудот што ќе ја правам и презентирам за 5 поени, т.е. може тие поени да не ми влијаат на оценката и да испадне џабе цела работа. Ај кој бил на предавање годинава нека каже дали е и сега 5
Ние мислевме 10 е без да прашаме одма првите часови кога го пуштија листот зедовме тема и на почеток презентиравме, и после на списоците со крајни оцени имаа по 5 максимум сите што презентираа, а некои и по 3... не знам зошто така, ама обавезно прашајте, кај нас беше 100 максимум од колоквиуми, а кај вас како што разбрав е 90 па може ќе биде 10 кај вас за да се стигне до 100. Прашајте, ете ја презентирав, а ништо не ми смени во оценката.