Минатата година јас носев нов а за истиот чекав 1 недела, новите изводи се мислам важечки подолго време, т.е. трајни, ама стариве не, јас колку што знам, види си, економски и се е можно може и да ти речат чао... Моите сите другарки минатата година носеа нови, нас така не предупредија...
Девојки Основи на маркетинг(кај Снежана) ќе полага некој?како го учите?прашања во Либро или на друго место има? и најважното не е скратено ништо нели?
Душичке не се секирај. Јас денес бев и прашав.. Изводот МОРА да биде оригинал.. Не е битно колку е стар
Девојки а да ве прашам нешто.. Знам дека треба да се рангираат смеровите според сопствен приоритет, ама дали постои можност да напишам дека сакам само државна квота. Ако не ме примат на првиот во државна, тогаш да прејдат на вториот во државна квота, а не автоматски на првиот во приватна? Се надевам дека ме разбравте
Фала богу дека можиш. И плус,сама си ги бираш предавањата,ти му го праиш распоредот за предавањата,ти си редот и мирот. Е многу сакаш. Не може. Они тебе те чекаат за у државна.
Те разбравме бе душо ние, само што ти тек сега ќе го разбереш факултетов ми стои Не може така, или пак може, али стави на 1 - Економија, Маркетинг, Надворешна ..... и оп, државна! Нормално, ако имаш над 85 поенчиња
Е се пукнав од смеење на постов, прво читам и си викам ама не не неможе и до крај го читам и убаво слатко се насмеав сабајлечки.... Да не сум офф, нормално дека неможе, ако беше така само државната квота ќе се пополнеше, сите така ќе пишуваа.... Кој сака 200 евра повеќе да плаќа?
Кои националности? Имаш предност. Ако си македонец,ти даваат две шестки однапред,ти да си бираш за кои предмети ќе ти ги стават. Аман,какви националности,единствен народ што е дискриминиран во оваа држава е македонскиот. Ако си албанец/албанка не се секирај,тоа не влијае. Таму се важни поените од матурата. Јас имам многу колеги албанци и албанки исто,многу трудољубиви кои исчистија навреме година со одличен просек.
јас мислев сега при уписов на факултет дали имаш нешто плус да ти додадат дека си малцинство...поточно се запишав на маркетинг имам 85 поени па ги наредив после тоа менаџмент економија надворешна...па сега ми е малку страв да не не успеам да влезам во државна па дека сум друга националност дали со тоа нешто добивам плус??
^ Да за упис имаат предност малцинствата. Другар ми со помалце поени од мене влезе во државна затоа што е босанец.
Јас го полагав пред 2 години и сигурно било со некое постаро издание на книгата. Ги учев само набројуванките од книга, дури и тие што се во реченица, а прашања од Либро не земав пошо некако не ми беше сигурно дека ќе положам само со нив. Сега мислам дека откако го направија изборен е полесно и помала е книгата, а што е најважно не дава више такви прашања од типот ,,која набројуванка по ред е таа и таа,,
Мене не ми е изборен на кол. баш имаше такви прашања а на испит прв пат ќе го полагам па затоа ме интересираше дали и тој е така детален
^ Да ти кажам право јас го учев 3 недели и многу убаво го имав научено. Можеби имав и среќа ама мене на испитот не ми се паднаа такви прашања со кое е по ред. А иначе прашањата ти се истите од колоквиумите...плус минус некое залутано. Собери прашања од колеги што биле на двата колоквиуми (по можност и од лани) и научи ги убаво. Сигурно ќе положиш.
Колешке, многу паметна мисла Ме изнасмеа , мада, не е за смеење работава воопшто. И да, ако си друга националност, имаат некои поволности луѓето, не се сметаат само поените од матура.
^^ Па не знам со сигурност, али можно е. Сепак, прашај си на студентски, ние можеме само да наѓагаме.