Да ве прашам за спремање на испит математика каде е подобро да се иде кај Баже или кај Петар(кај Корчагин) ?
Одењето на предавања е во случај да имаш положено, да сакаш повисока оцена. За да ти дозволи да одговараш усно треба да си на сите списоци. Иначе немаат никаква улога.
Мислам дека неколку години наназад се бира, само што не ги прозиваат на настанот во хол, туку на настанот што следи во некој од амфитеатрите, кога е и всушност предавањето за нобеловците. Секако, во ист ден со промоцијата на дипломци.
Кога се бираат изборни предмети за втор семестар?И колку треба да се изберат, некои викаат можело и само еден да избереш, некои викаат два требало.Па колешки, што би ми вие посоветувале да изберам?
За втор семестар предмети се бира кога го запишуваш односно во фебруари. Инаку лани имаше колеги што земаа по еден изборен, а имаше и такви што избраа по два. Јас избрав социологија и организациско и супер поминав, семестарот е лесен па така да би ви препорачала да земете два. Инаку, мислам дека најдобра опција се социологија и еколошки. Организациско не го препорачивам зошто има колеги што уште неможат да го положат, на колкквиуми и на испит во јуни е лесен прилично, ама во август и јануари е на пишување со отворени прашања. Така да те советувам да си земеш социологија и еколошки.
Фала на советите. Инаку ме интересира уште дали ако изберам еден изборен предмет потоа ќе бидам обврзана во некој нареден семестар да изберам еден изборен повеќе за да надокнадам што сега сум избрала еден а не два .
Кaкo штo знaм сaмo еден летен семестaр мoже дa имaш три предмети тaкa дa сaмa избирaш вo кoј, aкo oвoј семестaр имaш три секoј нaреден ќе мoрaш дa имaш четири предмети. Се нaдевaм ме рaзбрa.
Здраво Сакам да прашам дали некој знае како треба да се изработи последната вежба по е-бизнис,за лажни социјални мрежи и дали некој знае некои лажни социјални мрежи?? Ве молам пишете
Кај асистентот Игор. Барем така рече колешка што годинава оди кај Игор, а лани заедно одевме кај Виктор.
Би сакала некој да ме информира околу Јануарската испитна сесија. Во прирачникот кој ни го дадоа првиот ден пишува дека пријавувањето за јануарската испитна сесија е од 10.12.2014 до 24.12.2014 електронски , проблемов е во тоа што вториот колоквиум е од 18.12.2014 до 26.12.2014. Доколку на некој од предметите паднам на втор колоквиум бидејќи полагам на 25.12 и 26.12 рокот за пријавувањето на јануарската испитна сесија ке е поминат и не ке можам да пријавам.Што ке треба да направам за да пријавам јануарска сесија и дали треба да пријавиме предмети за втор колоквиум ?
Дали нешто се доплаќа за вториот кол. или за јануарската сесија ? Пред некое време другарка од електро ми кажа дека кај нив нешто се плаќало ама не разбрав точно што како зашто..
За втор колоквиум ги пријавуваш сите предмети што ги имаш положено на прв. А за испит сите што ги имаш паднато на прв. Ако паднеш на втор нема потреба да го пријавуваш, веднаш одиш на испит.
Кај нас се купува пријави за втор колоквиум и се уплаќа административна такса 50денари за секој предмет. Истото важи и за испит. Ако паднеш на втор колоквиум пријавата ќе ти важи и за испит, нема потреба да носиш нова.
Некој да ми каже нешто повеке околку 2 колоквиум економија на инвестиции ? Колку задачи има теорија дава ли ?