Колешке, тие презентации што се во групите се од лани, а и тогаш професор беше Горан Коевски. Најдобро е да си почекаме да ја стави таа 12 презентација на зефир или пак можеби е скратен тој дел од материјалот. Некој ако одел на предавања може да ни каже до каде застанала.
12 презентација е ставена вчера.. малце ме збуни зошто е за чек, а во некоја група прочитав дека за чек нема да треба
Ми кажаа дека и лани имало за чек, ама повеќе работи од тој дел има сратено. И исто така слушнав дека најголем дел од прашањата на тестот биле од делот за меница и чек.
Епа колешке кога веке си полагала кажи ми дали да ги читам прашањата од либро... се паѓа нешто или не? Зошто 160 прашања се, да не губам време
Дa лaни се пaднaa дoстa прaшaњa oд либрo, aмa лaни пoлaгaвме кaј прoфесoрoт oд прaвен, сеa кaј aнгелa незнaм кaкo е.
Колешки, на некоја да не и текнува на отворените прашања од лани на втор колоквиум ФПИ? Знам дека секоја година ги менува прашањата,ама отприлика да знам какви се зошто на прв колоквиум немаше.
Дали организациско однесување ги повторува истите прашања на сите испитни сесии(што се паднаа на годинашните сесии) ?
Не ,не се повторуваат.Мн збореа дека се повторувале истите,па во август сега даде скроз трети. Во глобала не е тежок испитот воопшто ,но треба да се седне и да се научи малце. Јас сега во август кога полагав,не ми се учеше воопшто и отидов така само ,скоро неспремна.И со свои зборови пишував нешто,затоа што од трите прашања две беа од општа култура повеќе.Но асистентката не ми ги призна иако напишаното беше со точно значење,затоа што сакала до збор од книга да е,а не ние со свои зборови.Па затоа сега ке поучам од книга. Инаку трите прашања од август што беа: општо да се раскаже за Норми , за Вредности и за Ситуационата теорија на Херси и Бланчард. Но јас лично не верувам дека истиве ќе се повторат.
Знам дека ви заврши полагањето и дека нема да ти биде секако од корист одговоров, но лани немаше отворени, целосно беше на заокружување и вториот, меѓутоа оваа година која е причината што смениле незнам, можеби дека многу положуваа на колоквиум само на заокружување, врска немам......
Не е точно дека лани на вториот ФПИ немаше отворени, јас полагав и убаво се сеќавам дека имаше 3 отворени прашања. По сите предмети што ги предава Михаил (мене до сега 3 ми предавал и на сите е ист принципот) само првиот колоквиум е исклучиво на заокружување (повеќекратен избор и т/н), додека вторите колоквиуми и испитите секогаш имаат и отворени прашања. Не сум била на испит, ама колеги што биле ми имаат кажувано.
Јас лани положив на колоквиум и го држеше асистент тој што му беше, заборавив како се викаше, тој и ми даде оценка, значи не го држеше Михаил, што значи сега е више професор. Иначе, сега ме замисли, лани положив и се ми стои дека немаше отворени прашања, меѓутоа сеа коа ќе ми се врати филмот, можно е да имаше, се извинувам ако сум грешка, не сум сигурен, хмммммммммммммм
Ќе биди некој фин да ми кажи макроекономија кои страни и теми не треба да се учат од учебникот? И ако некој има искуство да кажи како било на испит и на што треба повеќе да обрнам внимание при учењето ?
Еве да споделам јас едно искуство со Методи на продажба. НИКОГАШ при здрав памет да не го избирате. На втор колоквиум даде прашања што нигде ги немаше и асистентите знаеа за таа глупост и само се смешкаа и пола од луѓето паднаа. Јас положив, ама не е поентата професорите да лажат и така да прават селекции. Доста е еден таков на Економски.