и исто ме интересира за маркетинг,дали ке биде испитот во иста форма како колоквиумите или ќе има и набројуванки
Ако паднеш на втор колоквиум треба ли да го пријавуваш испитот електронски и на полагањето на испитот треба ли да носиш пријава и уплатница?
@Paolita Не, ако паднеш на втор колоквиум автоматски си пријавена за на испит, а професорот ти ги носи пријавата и уплатницата на студентски така што нема да треба повторно да носиш, туку ќе ти се рачунаат тие што си ги однела сега за вториот колоквиум
Здраво колеги, сакам да ве замолам да ме советувате како да положам статистика? На што да обрнам внимание? Презапишан ми е предметот и доколку има некои новости во врска со него ве молам кажете ми. Мнооогу ви фала!
Здраво сакам да ве прашам за искуства со предметите Менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на мал бизнис,кои се изборни за 4 семестар и кои од нив ги избираат како полесни ?
Па колку што знам јас и двата се само набројувања. Мене МЧР ми е положен, а ММБ не. Ако ги научиш убаво набројувањата немаш мака. Инаку мислам дека по МЧР има некоја скрипта во Либро или Зоки и таа ќе ти заврши работа. Ако ја научиш добро - ќе положиш. Поздрав.
Некој да не знае искуство со следниве предмети кој е полесен Менаџмент на ризик Економика на вантрешна трговија и меѓународен менаџмент ?
ММБ е задолжителен на смерот менаџмент, плус и Шуклев го држи, така да, јас не би се осмелила да го земам за изборен. Сигурна сум дека има други полесни и покорисни предмети.
Полесен е од Основи на менаџмент? Јас ќе го имам сега од февруари. Знам еднаш на предавање Шуки кажа дека имало поголем процент на положени по тој предмет, отколку по основи.
Како да не е полесен, може за некој мал процент не е до толку, али сепак тежок е и бара многу време да се запомни. Ги знаеш прашањата на Шуклев, колку и да се лесни, сепак се тешки хахаха... Тебе положена ти е статистика? Дај некој совет ако знаеш...