Би ги замолила сите колешки доколку знаат некои прашања по следниве предмети или било какви информации за на испит сега во Јануари: -Методи на продажба -Организациско однесување -Аграрна политика -Демографија -Стратегиски менаџмент Ви благодарам!
Дали навистина по предметот Статистика за бизнис и економија на минатите испитни сесии можело да се положи само со прашањата од либро ?
Некој да ми каже какви се следниве предмети за изборни: Соцологија. МЧР и Економика на внатрешна трговоја? Дали е потребно присуство и проекти или и без нив може да се извади висока оценка? Кои професори ги предаваат? Сигурно ќе земам еколошки и ми требаат уште два. Кои се најдобри за изборни? Продавам збирка и таблица математика (оригинал) и учебник (копија).
Има ли некој кој е волонтер во Центар за кариера?Ако може да ми каже нешто повеќе како може да се стане волонтер, кои активности треба да ги извршува како волонтер и сл.Фала однапред
Јас од овие предмети како изборни сум ги имала Социологија и МЧР. Социолгија го имав земено пред 2 години (кога бев прва, сега сум трета) и беше доста лесен предмет. Материјалот ептен лесно се совладува особено ако си имала социологија во средно. Прашањата се на заокружување со еден точен одговор (чинам и лани така беа) а ние имавме да пишуваме есеј (на двата колоквиума по еден во состав на самиот тест) а лани се пишуваше само еден есеј мислам и тоа накнадно кој сака за плус бодови бидејќи лани многу луѓе го имаа земено за разлика од пред 2 години кога бевме 120-130 студенти. И плус имаше можност да се изработи проект исто за повеќе бодови (доколку сакаш). МЧР го имав лани. Предметот е лесен и интересен. Е сега книгата беше 300 страни (значи за секој колоквиум по 150). Не ме фаќај за збор ама можно е оваа година да има нова книга. Прашањата беа со 1 или 2 точни одговори и беа логички, претежно од битните ствари, ретко да имаше некоја набројуванка (иако во материјалот ги имаше доста). Исто така покрај прашањата на полагање има и два кејса. Професорот ми се чини дека даваше бодови доколку си активен на предавање, имаше 2-3 домашни кои исто така носеа бодови, а се изработуваше и проект (кој сака) за кој мислам дека даваше 10 бода со презентирање, а 5 бода без.
Во втор семестаР лани имав три предмети односно два задолжителни и еден изборен само земав. Ако сега во четврт семестар земам два изборни и имам 4 предмети, дали во петти семестар ќе може да имам само три предмети? Т.е. дали така ги исполнувам кредитите?
Доколку некој ги има во електронска форма испитните комбинации по Сметководство или ако е во можност да ги слика/скенира и постави тука би била многу благодарна, бидејќи ги имам само материјалите од колоквиуми, а не сум од Скопје за да си ги купам и испитните се до денот кога ќе одам да полагам. Или пак ако некој има дополнително било каков материјал што ќе ми го олесни учењето
Дали некој го имал правни и етички аспекти предметов, го читам цело време а никако не можам да го најдам која година може да се избере и кој смер ?
Не, мора сите наредни семестри да имаш по 4 предмети, за кога ќе дипломираш да имаш положено 31 предмет. Само еден семестар имаш фора да си со 3 предмети, секако во случај да не презапишуваш предмет.