Сакам да ве прашам дали за втор семестар да земам 2 изборни или 1 и кои предмети би ми ги препорачале?
Па немаш некој голем избор. Социологија, еколошки менаџмент и огранизациско однесување се понудени, така? Јас го имав организациско и супер поминав на колоквиуми, ама на испит е тешко со отворени прашања. Гледам многу колеги не го положија. Изгледа годинава не беше толку лесно колку што викаа сите. Значи ако планираш да го земеш, обавезно положи го на колоквиуми. А од другиве два и јас се мислам кој да го земам сега.
@provocativewoman кога почна новата програма (значи пред 2 години) деканот на предавање по Организациско однесување кажа дека тој предмет е исфрлен од програмата.
Колешки збор-два за изборниот Управување со системи (кај Предраг) - го препорачувате, тежок/лесен за учење, разбирање?
@Youlen јас го имав управување со ситеми. Книгата е малце комплицирана но Предраг на нас ни олесни доста . Ни ја даде книгата 15 мин на двата колоквиума и ни издиктира прашања и од тие прашања имавме 15 на заокржување и 2 отворени прашања. Исто така бараше редовност и презентација да правиш зошто без тоа не можеш да полагаш.
Ако може да ми каже некој која е предноста ако во втор семестар земам два изборни предмети? Дали имам после некоа бенефија во смисла да имам помалку запишани предмети во однос на тие што овој семестар би избрале само еден изборен или пак само добивам плус 8 кредити? Се мислам помеѓу Еколошки менаџмент и Социологија или пак и двата. Предлог?
Јас сум 4та година средно и планирам да се запишам на економски..Некој да ми каже каков е факултетот,какви смерови има и што можеш да работиш со нив,дали има многу математика и дали е тешка? Јас најмногу сум за бакнарство или бизнис и менаџмент,околу тоа некој ако сака да ми помогни
Јас земав 4 предмети во втор семестар и најискрено мислам дека е мн попаметно така.. Ќе ти помогне ако во иднина треба да презапишуваш некој предмет,а ако не никому ништо ќе си имаш положено плус предмет уште во прва ) Еколошки сум немала.. Јас имав земено социологија и организациско. Организациско сите различно поминаа така да незнам прашај види дали да го земеш,а социологија ако уште предава Ристо Христов дефинитивно земи го!
Колешки да ми кажете мислење за управување со ризик,бара присуство,влијае тоа на оценката? Колкав е материјалот,какви се колоквиумите,дополнителни поени од проектни и слично има?