За паѓање од државна во приватна квота. - не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен). Ќе може ли ова некој да ми го објасни ? Дали од зимскиот семестар 2014 ако немам положено пола предмети во зимски 2015 паѓам во приватна ?
Јас знам дека ако презапишеш предмет по втор пат се оди од државна во приватна квота, а според ова другово што го прочитав сфатив дека уствари 3 од 4 ако немаш положено од тој семестар уствари преминуваш а со 50% т.е 2 некако не ми е логично пошо нареден семестар ќе си влечеш само еден предмет и толку..
Ај некој нека сподели искуство за микроекономија... како е на испит, на заокружување или има и отворени прашања?
Дали е признат и акредитиран целосно Економски факултет Скопје во странство(Европа,Америка,Дубаи)? И дали можам да се запишам на постдипломски во странство со овој факултет ?
Пред некое време некој прикачи слика од тоа кои страни требаа или не требаа да се учат по економика. Ја има ли некој таа слика?
Финансиски менаџмент, сметководство и ревизија или надворешна трговија? Немам никаква ориентација де некакви препораки, совети нешто кажете
Па мене и баш не ми препорачаа да одам на надворешна трговија ... бидејќи е од 5 степен на факултетот а другите два ми рекоа дека се супер само дека се учи повеќе
Дечки ај вие што знаете и ги посетувате библиотекиве низ скопјево да ме упатите од каде можам да земам некоја книга за копирање барем, од областа на Менаџмент, Управување со промени.....
Zdravo nekoj da mi dade nekoi reseni zadaci po predmetot Ekonomsko Planiranje ili da mi posoci nekoj sto drzi privatni casovi po predmetot? Vi blagodaram odnapred!
Јас сум на финансиски менаџмент, сите го правеа претежок али по новата програма имаат исфрлено од потешките предмети и заменето со нови и се доста интересни..најбитно е што нема МЕНАЏМЕНТ кај Шуклев и искрено ептен е олеснување затоа што 90% од студентите на економски заглавуваат таму и се мачат доста време..исто и Управувачко сметководство е тргнато и Осигурување. Затоа има вметнато предмети за Личните финансии, за Банкарски/Небанкарски институции, за Менаџирање едно друго кај што професорите се млади и ги прават многу интересни предавањата и се учат со разбирање а не со набројуванки на памет и слично. Со надворешна трговија немам многу контакт али со сметководство и ревизија имам, според колегите има многу книжења и решавања (што искрено мене не ми иде па и затоа е добро што не сум го избрала) и доста пообемен материјал за учење ради сметките и контата. Иначе првата година сите смерови учат исти предмети па тек од втора се делат предметите.