Ако може некој да ми каже повеќе за смерот финансиски менаџмент и општо ако одат полагањата прва година? ☺
Индексите на запишаните студенти во прв уписен рок ги даваат на првиот академски ден, поточно на 15ти септември.
Девојки како се логиравте на Iknow системот, другарка ми од Градежен ми кажа дека на нив им рекле до 30.08 најкасно требало електронски да се запише семестаро..Мене на www.iknow.ukim.edu.mk не ми дава да се логирам а на upisi.ukim сеуште ми е валидна адресата но нема никаде за семестар
Прва година сите смерови исти предмети имаат.Од втора се менува. Ако учиш редовно и на време нема да имаш проблем барем 1ва година. Обрни повеќе внимание на математика и никако немој да учиш економија на памет. Ова е совет за зимски семестар. За летен обрни внимание на статистика и учи со разбирање, економика секако ќе мораш на памет. За друго е лесно.
Јас сум на финансиски и мислам дека го направив вистинскиот избор. Смерот воопшто не е толку тежок и страшен колку што некои го прават, баш напротив по новата програма мислам дека е еден од полесните смерови на факултетов. Секако прва год. сите учите исто и ако не ти идат многу предметите со бројки можеш да се помачиш со математика и статистика ( статистика обевезно да идеш кај Драган на предавања, кај Славе никако!). Во втора година мене можеби финансиско сметковотство ми беше малку потешко ама искрено не го ни учев многу. Инаку имаме млади професори, нови предмети и мислам дека ако веќе си го одбрала економски - финансиски менаџмент е вистинскиот избор!
Дечки се мислам околу изборните предмети искрено сакам да знам ваше мислење што е разликата меѓу предметот аграрна политика и предметот општествено богатство и нац. сметки? Бидејќи знам дека двата предмети ги предава истиот професор па не знам што е разликата и кој ми го препорачувате? И дали некој од вас има распоредот за предавања од лани за зимскиот семестар и распоредот за вежби?
Здраво.. ке може некој да ми каже како е на смерот Менаџмент дали е тешко? кои се лесни изборни предмети?
Ако имаш добра меморија и ако ти оди учењето напамет, тогаш на департманот менаџмент нема воопшто да ти биде тешко. А за изборни за прв семестар најдобро да избереш трговско право, после за втор еколошки менаџмент, натака има време и онако скоро секоја година по секој предмет се менеува по нешто па од лесен може да стане доста потежок и обратно.