Дали може да сменам смер? Сега ќе сум прва година и после сакам да отидам на смерот економија или маркетинг и ако може да ми кажите кој смер е полесен?
можиш ... економија е најлесен според мене Прелесни се и 2та. Ако знаеш англиски ,немаш ни потреба да ја отвараш книгата, се се основни работи. Демографија доволно ти е едно читање. Ако се двоумиш меѓу двата земи Англиски1
Уште сега може да сменам или нема врска може и кога ќе запишувам втора? И ако имаш некое искустсво од економија да ми кажеш?
мислам дека можиш уште сега, ама сеедно, прва година сите учат исти предмети така да не ти мења ништо, се мења со молба која се носи у архива... не знам баш како е ама од кажување на колегите што студираа економија беше полесно од другите смерови.
Продавам: Трговско право (учебник,скрипти,прашања) Меѓународни Организации и интеграции (учебник, скрипти, прашања + пример презентација за плус поени) Методи на продажба (учебник оригинал + пример презентација за плус поени) Демографија (учебник) * Сите предмети се положени со високи оценки од скриптите, во книгите е подвлечено тоа што е најважно да се учи, за цени пишете во инбокс
Нешто повеќе да ми кажете за методи на продажба, како е на колоквиум/испит, какви прашања има дали се отворени или на заокружување, дали мора оригинал учебник?
Методи не е тежок предмет, прв колоквиум се полага со книга што ако ја носиш на полагање мора да е оригинал, во спротивно не ти треба учебник. Прашањата на колоквиуми се со заокружување ама не со еден точен туку со повеќе. Испитите се потешки. Треба и дополнителни активности (присуство, кејс, презентација и семинарска) за убава оценка. Втор колоквиум не се полага со книга. Затоа треба убаво да се прочита и материјалот и да се знаат набројуванките.
Дали со неположени три предмети од прв семестар се префрлам од државна во приватна квота сега кога ќе запишам трет семестар ? И дали можам било кој еден предмет да го земам од трет семестар бидејќи до четири предмети е дозволено ?
@mace14 нема врска дека економија е лесен смер нека не ве лажат. На овој смер има повеќе предмети што се на пишување микро политика на социјален развој управување со ситеми итн и плус си имаме доста заебани професори.
Економија сигурно не е најлесен, сеа зависи што најмногу ти оди ако сакаш повеќе предмети со бројки тогаш сметковотство ќе ти е најлесен, ако сакаш најмногу напамет учење на набројуванки тогаш менаџмент, а според мене надворешна траговија е најлесен затоа што реално има послаби студенти и ако си ппросечен студент со просечно учење ќе пројдеш се, инаку и таму мислам дека има доста предмети со отворени прашања ама во принцим се учат разбирливи работи ( не како на менаџмент сувопарни набројуванки каде нема што да пробуваш да разбереш кога мора се напамет да набубаш). ПС: И макетинг не е нешто многу тежок само основи на менаџмент што веројатно ќе те изнамачи ( ама тоа се учи и на менаџмент и на сметковотство ). А ако бирас само меѓу маркетинг и економија, избери маркетинг без мислење и полесен и поинтересен па и по перспективен. Позз