Јас лани ги имав методи и демографија и супер поминав. Иначе истиот смер како тебе и втора год. Прв колоквиум се полага со книга цело време и све се препишува, а втор колоквиум некои од прашањата се општа култура а и материјалот е помал. Од активности се добива до 40 поени. Ја не знам што уште сакаат луѓево.
Ај ве молам некој што го имал предметот Промоција, да каже искуство? Се мислам за изборен да го земам...
Некој да споедели искуство од лани со предметите аграрна политика, опшествено богатство, стратегиски менаџмент, производен менаџмент? Колкав е материјалот и како се поставени прашањата на колоквиум?
Колешки, 99% сум сигурна дека нема да најдам некој од искуство да ми помогне ама јас да прашам Полагав испит јавни финансии во јуни кај Михаил Петковски, видов резултати и по поените видов дека сум падната. Сега полагав пак и чекам резултати на зефир и случајно ги разгледав резултатите од јунската сесија и видов дека имам положено со 6ка :/ Вероватно лошо сум видела во јуни.. Проблемот ми е што сега полагав пак на веќе положено, па мислам дека и повисока оценка ќе имам овој пат. Можно е некој проблем да ми направат или ако имам повисока оцена сега да ми ја пишат таа? (Внесена ми е оценката од јуни во iknow).
Немам такво искуство, ама најдобро е да разговараш со Михаил или со Елена, фини се во секој случај ако имаш сега повисока таа ќе ти ја пишат мислам. Ти кога го полагаше веројатно пак го пријави на iknow така? Тоа ваљда се рачуна како поништување на оценката и преполагање.. Во секој случај збори со Михаил он ќе ти каже точно што и како
Ми го пријавиа од факултет од ст. прашања.. како и да е, уште ми стои оценката на iknow :/ Така да ќе морам да одам, нема друго.. ) Фала ти !
Како иде со презапишувањето? 2 треба да презапишам и 2 редовни имам, во државна сум иначе. Колку треба да платам партиципација?
6560, Партиципацијата секогаш ја пишува во iknow, всушност ништо не се менува само што ако често ти се случува да презапишуваш ќе ти фалат ЕКТС и ќе треба да запишуваш дополнителен 9 семестар
Иди кај Михаил или уште подобро кај Елена. Мислам дека нема да имаш никаков проблем. Посебно за предметот јавни финансии оваа година беа многу фер и излегоа во пресрет.
Славевски Трајко, Петковски Михаил, Ристески Славе. Moже некој да каже нешто во врска со овие професори? Какви се, како предаваат?
Кај Михаил обавезно на предавање. Многу фин професор, убаво објаснува и многу ќе ти помогнат предавањата. Трајко Славески претпоставувам Макроекономија ќе ти предава, он пушта некои листи со поени, 10 листи 10 поени ама јас не одев кај него, некако многу брзо и конфузно предава и сфатив дека повеќе ми се исплати дома два саати да учам него да ги губам на предавање бркајќи листи кои незнам кога ќе ги пушти. Инаку е океј професор. Славе, незнам мене демографија само ми предаваше, за статистика викаат дека е построг, овде беше океј
Аха океј, а предметиве(макроекономија,фпи,финан. сметководство) како се? На кој треба да се обрне најмногу внимание?
Вака Михаил е еден од најдобрите проф. на факултетот ич да не се секираш, иди на предавања зашто истакнува кои работи се побитни и прашува прашања што се паѓаат после на колоквиум, иако не дава бодови за редовност. А ФПИ како предмет што го предава Мики е прелесен ако ги учиш работите со разбирање, многу битна работа се вежбите пред колоквиум - значи имаш само 2 пати вежби пред прв и пред втор кол. ама по пола прашања на колоквиумуте ти се од тие вежби, инаку Мики дава поклон книги од него за оние кои ќе имаан најмногу бодови од двата колоквиума се на се и ФПИ е лесен предмет и Мики е супер. Трајко е чуден тип, многу е пргав, енергичен и на предавања кажува еден куп инфо. ( најголем дел од практика што воопшто не се ни поврзани со матријалот - ама корисни и интересни работи во секој случај). Како и да е, оди кај Трајко на предавања обавезно интересен е а и дава поени за редовност од кои имаш оценка плус, инаку прашањата се повторуваат речиси истите скоро секоја год. така да земи си прашања од либро за да си ги олесниш работите. Фин. сметковотство еден од најглупите предмети на факултетот јас немав живци да ја дочитам книгата цела иако е само 200стр. а сите очекувавме дека ќе ни се паднат прашањата од либро и на крај не зезна се паднаа од либро ама мн. малку така да сите имавме слаби оцени и ако на предавања скоро никој и не идеше и онака нема корист, а на вежби можеш да идеш ако е ок демонстраторот што ги држи. И за Славе ( за демографија сиг. прашуваш) Славе е гомно од човек, тој се мрази и себе си а па не студентите, еден од најантипатичните проф. на факултетот, ама демографија сите викаат дека е прелесно па и јас го избрав годинава ( во втора не сакав да го изберам баш ради професорот). По предметите сиг. си фин. менаџмент така да уживај 3 смеместар не е мн страшен за финансиски . Позз!
Не сум го имала ама го прашав Драган како е. Значи освен тоа што го предава еден од најдобрите проф. на факултетот ( ако ти предавал статистика знаеш ) предметот не е воопшто тежок, ама мора да се оди редовно на предавања и на вежби за да се разберат работите. Професорот кажа дека 90% од матријалот ќе го научиш на предавања и вежби и ќе имаш сигурна висока оцена, јас не го избрав затоа што предавањата ми се поклопуваат со предавањата на еден од моите задолжителни предмети па нема да можам да одам.
Има ли некоја информација во колку часот ќе започне првиот академски час за бруцошиве? ( нели индексите ќе ни ги даваат тогаш )
Некој да сподели искуство со производен менаџмент и стратегиски менаџмент? Што е полесно, колкав е материјалот?