Ако требат да се одбират ја искрено никогаш не би го одбрала Таки Фити....кажуваат демек најлош професор бил :\
Немој да ја направиш таа грешка. Подобар професор и подобри предавања на факултет нема!! ќе научуш затоа што е негова книга и се што он раскажува го пишува во книгата и после исто како да си прочитала еднаш а и многу убаво објаснува и со секојдневни примери. А и секако вие ќе бидете поделени во групи од претходно така да не верувам дека сами ќе можете да одберете
Вака вие ќе си бидете поделиени во групи од факултетот но можеш да одиш со друга група кај друг професор нема да ти прават ниаков проблем. Инаку Таки Фити е убедливо најдобриот професор на економски, секогаш има полн амфитеатар на предавање зашто сите сакаат да го слушаат. А Љубиша е жива катастрофа никој не му иде на предавања зашто не се ни слуша што збори, подобро кај Зорица да идеш или пак нигде, само на вежби е доволно да идеш по основи на сметковотство ( Инаку вежбите почнуваат после втората недела) . А Основи на економија и Предрак предава, ок предавач е ама како човек е ѓубре студентите не ги смета за луѓе, така да ако и не ти се падне Таки Фити оди кај него нема да ти прават никаков пробле а ќе научиш најмногу и на крај само идеш од кај него да си земеш оцена и ќе промениш на IKnow кај сто треба да се избере професор.
Кога почнуваат регуларните предавња, вторник или среда? И мислење за регионална економија за изборен?
Во среда почнуваме со предавања, а регионална не е претешко ти дава прашања и после од нив се паѓаат или делумно или целосно исти, само проблемот е што се доста обемни и колоквиумите не се само на заокружување туку има и на пишување. Има многу полесни изборни пр. Индустриска политика,Сметководство на јавен сектор,Статистичка контрола на квалитет.
Продавам книги за втора година- смер сметководство и ревизија во одлична состојба со гратис прашања скрипти и тетратки по предметите
Ако може некој да ми го објасни предметот Статистичка контрола на квалитет? Кој предава? На пишување/заокружување е? За на памет ее или може и со разбирање? Дечки итно ми е,гори под нозе
Продавам Основи на менаџмент 8и (ако нема ново издание годинава). Во одлична состојба е,со подвлечени и извадени набројуванки.
Го предава Весна Буцевска ( мн добра професорка ако ти има предавано знаеш) инаку е прелесен, нема учење ни набројуванки и задачи ни случни глушпости. Се работи на копмпјутер и се полага на компјутер инаку 4+0 е не се држат вежбите и има многу малку матријал.
До кога треба да се уплатат тие 410 ден, што пишува дека должиме? и знаете ли каде ќе се одржува академскиот час?
@LittleDevil lesen e epten na 1kol se pagaat istite prasanja ko od libro na 2 kol ucis od skripta po 60 strani i bashka ne bara redovnost