Кај професорот Трајко Славески е,се полага на колоквиум.Е сеа нез колку си запознаена со макроекономијата,но немој да мислиш дека ова е средно и глупости има,затоа покрај толку лесни изборни како што се:Англиски,Трговско право,социологија,ти за Макро си се фатила,и уште нешто,на колоквиум е ок,не е којзнае колку тежок,но секако е потежок од предходнонабројаниве,но проблемот е ако не го положиш на колоквиум,тогаш не е ист принципот на составување на прашањата,на колоквиум се со заокрузување со по 1 точен и по 2 прашања со пишување,а на испит се е пишување,и у јуни полагаше еден мој другар,и положи он и само уште 2 други,и тоа двајца со 6 и еден/една со 7,тоа беше се,затоа сеа размисли си болје дали ти е добар избор макроекономија
Да ве прашам нешто тие што имате положено математика. Драге наш голем маж,напиша дека утре ќе дава оценки од девет и пол. Е сега колку време обично дава,саат време за да дава оценки? Дека многу ми се незгодни терминиве со автобуси до Скопје наутро,имам во 8 и нешто автобус,до кај 15 за десет стига во Скопје. Сеа,знам глупо е прашањево,ама страв ми е да не го испуштам стариов па после да не ми даде оценка...
Саат време сигурно дава, така да, мислам дека немаш потреба од секирање. Во 10 би требало да си на факултет, а он секако нема да испари одма, бар саат време ќе подреме во канцеларија
Положи? Баш ми е мило хх Мислам дека нема проблем ќе ти даде и кога ќе има увид ако закасниш. Знам во јануари една другарка зема оценка додека траеше увидот, не и правеше проблем... На пр кажи му дека си полагала некој предмет (статистика :Р) тоа време.. или мислам нема ни да те праша ххх
Не. Колку сте се запишале, толку. Не е ова основно, па учителката да ви каже, ај ти и ти, ќе одите во ликовна секција наместо математичка ( ). И оваа англиски нешто се жалеше, 1000 сме биле, не можела да постигне, па да не се префрли некој оти нејзе и беше лошо ..... како не
Фала ви на сите што искоментиравте, за англискиов, и веројатно ќе го земам така полесно да ми е после... Чим е толку лесен среќна сум Мене ми е редовен макроекономија, сега, и ми остави впечаток ова, со 1 точен одговор е колоквиумот??? И тие 2 на пишување, лекција е цела, задача ли, што ли? Фала
Аграрна политика Англиски јазик 1 Германски јазик 1 Руски јазик 1 Француски јазик 1 Деловна етика Демографија Еколошки менаџмент Методи на продажба Трговско право Основи на Е-бизнис Сметководство на јавен сектор ЗМ Маркетинг преку повеке канали Современи тен. Во Е-бизнис Општествено богатство и нац. Сметки Ај кажете ми кои од овие предмети се полесни... не знам кој да го одберам???
Девојки дај бе малце прочешлајте ја темава. На сите исто им кажуваме, значи во претходните страни исти прашања има и сите кажавме дека трговско и англиски ви се најлесни за изборни предмети. Безпотребно се трупа темава, пред да прашате нешто проверете. 10 страни испишавме со вртење едно исто.
Аграрна политика- прелесен бил, секоја година исти прашања и плус имаш можност да правиш семинарска за оценка до две плус Англиски јазик 1- неколку поста погоре и мене ми објаснуваа дека бил прелесен, жива зафрканција, без прочитано луге со 8-9ки ваделе... Француски јазик 1- Исто бил лесен, ама ако си го учела претходно, во суштина сите јазици се лесни, пошто има читање текстови и на колоквиум имаш прашања од текстовите Демографија- лесен бил, 140 страни книгичето, ама го предава Славе Ристевски, имало по 2-3 отворени прашања, така да не го препорачувам ако си прва година Еколошки менаџмент- некој се жалат некој се фалат не е нај најлесен Трговско право- ЛЕСЕН ЛЕСЕН, со еден точен одговор, мада мене ми беше напорен пошто неможам да учам набројуванки, ама со по еден ден учење имам 10ка, така да.... Основи на Е-бизнис- исто викаат дека е лесен, само што имаш вежби на кои мора да присуствуваш пошто 40 бода од тоа имаш, а 60 од колоквиум, некои дефиниции на англиски се учат.. Ти пишав мислење за оние кои најчесто ги земаат и кои мислам дека се лесни, ако си прва ти препорачувам Трговско право, нема утка, ќе видиш цела генерација ќе иде на трговско, секоја година е така...
Да,со 1 точен одговор е колоквиумот и плус има по 1-2 прашања на пишување,кои носат 10-20% од колоквиумот,но не е страшно,а на испит сеа баш го прашав другаров што положи и ова ми го рече,2 отворени прашања,2 задачи и 12 на заокружување,и така,но нез сеа колкав процент од бодовите носат тука прашањата,но секако потешко е од колоквиум,затоа гледај да си го положиш на колоквиум,а и не е којзнае колку тежок на колоквиум,па затоа учи си на колоквиум,за да немора после на испит поише да учиш за помала оценка и така
Некоја колешка, вака да може и да не и е тешко во лп, да ми пише искуство од задолжителните предмети што ми се сега во 2ра( фин. сметководство, фин пазари и институции и основи на менаџмент), имено јас сум на финансиски менаџмент, ама истите предмети се и на сметководство и ревизија, со исклучок на макроекономија( ама тој благодарение на Сауер, сум информирана).... Тенк ју...
основи на економијата, основи на сметководството, трговско право ќе треба ли да се учи дефиниции од збор до збор или ќе може да се одговара и со свои зборови ?
Како мислиш со свои зборови? Трите предмети се полагаат со заокружување (оптички). Дадени прашања и понудени одговори, треба да ги заокружиш точните. Трговско е со еден точен, а другите се со повеќекратен.
Значи, јасно ми е дека сте бруцоши, ништо не ви е јасно, појма немате што и како, али стварно бизарни прашања прашувате, кои се повторуваат по 100 пати. Среќичка гледам дека најмногу ви одговара, али дека се е оптички и е барем нејзе 10 пати повторено, а камоли и на другите. Значи, дај малце бидете сериозни и не прашувајте сега како и да учите. Нема свои зборови кога треба да заокружиш само еден или повеќе точни од понудените одговори. Не треба се од збор од збор да учиш ко стихотворба во 1 одделение, не ти го бараат тоа, економија ти бара да уклучиш мозок и логика малце, не да бубаш. Трговско право само читај (милон пати повторено) ...... Сметководство исто, разбери го материјалот и немаш многу за бубање. Се на се, со добро разбран материјал и здраво учење, ќе немате проблем со предметиве. Значи вие самите ќе видите како ќе го совладате материјалот и како ќе ви биде најлесно за учење, не можам јас или било која од девојкиве да ви каже како е полесно, ќе осетите на своја кожа се.
Девојки утре кога ќе запишуваме семестар кај задолжителни предмети треба да се набројат оние што се во зимски семестар: Основи на економија, Математика за економисти и Основи на сметковдство?