Не е тој за нигде, туку 80% од студентите идет на факултет без да знаат основни работи од математиката. Можеби човекот не предава кој знае колку добро ама ако имаш барем елементарни предзаења ќе можеш да го следиш и ќе ја сватиш материјата. Инаку совет ти е на вежби да идеш кај асистентот Игор ќе дозаеш на која група држи и кај него оди затоа што најдобро објаснува и решава задачи какви што после и се паѓаат. ( Инаку вие по број на индекс ќе бидете респоредени на вежби ама може кои кај сака да иде). А во врска со полагањето ич не се секирај ако знаеш и ако си напишеш ќе пројдеш сигурно, тие 300 приказни што кружат за професорот се од студенти на кои полесно им е да кажат дека професорот е крив одошто да седнат и да научат.
Значи сите го зборат од страна дека е ваков таков и уште не го ни знам човекот а уплав имам од него. Ке те послужам за советот за асистентот Игор, ќе го побарам. И да ве прашам за предавања, како ке бидеме распоредени ? По број на индекси или како ?
За предавања сте поделени на департмани (смерови) веќе има распоред и можеш да видиш според тоа кои департман си во која група си ставаена ама ако некоја друга група ти одговоара повеќе слободоно можеш да идеш и со друга група.И ич не се секирај за професорот само гледај да ги сватиш задачите и решавај си дома ни приватни часови ти требаат ни ништо.
Целосно се согласувам со мислењево за проф.Драге , тоа што си слушнала само се гласини кои кружат меѓу студентите кои не сакаат сериозно да си го сфатат предметот, па вина бараат во професорот кога ќе паднат.Ако си го сфатиш сериозно и си го спремаш предметот ќе немаш никаков проблем.
Prodavam MATEMATIKA (kniga,zbirka i tablica)i TRGOVSKO PRAVO(kniga i skripta) Za poveke informacii vo Lp ☺ P.s.Se izvinuvam za latinicata od telefon sum uklucena ...
За прва год, треба ли ние да избереме од iknow изборни предмети...или да не правиме ништо додека не одими и ни кажат ?
И јас се согласувам со мислењето. Стриктно за математика со основни познавања, редовност на час и вежби кај Игор и со малку вежбање лесно се положува на колоквиум... Инаку минатиот семестар зедов и изборен од Јанев и многу лесно пројдовмо
Мене ме интересира за групите,сега на предавања? Онака ќе одиме по департмани? Или има некои посебни други групи,пример маркетинг поделено на две групи? Некако не можам да се снајдам на распоредон шо е објавен..
Продавам книги за прв семестар: -Економија учебник оригинал ( екстремно зачуван, ниту со молив нема ништо напишано) -Математика учебник копија -збирка оригинал -таблица оригинал *Гратис материјали од двата колоквиуми од часови кај Баже -Сметководство учебник копија (подвлечено најбитното што сум учела) -Збирка копија (неколку страни ако имам напишано ) -Трговско право учебник копија (пола подвлечен) *Прашања од Либро од сите предмети, поделени по колоквиуми, уредно подвлечени и одговорени.
Продавам: Трговско право (учебник,скрипти,прашања) Методи на продажба (учебник оригинал + пример презентација за плус поени + скрипти) Демографија (учебник+скрипти) Математика (збирка, таблица, тетратка со решени задачи од двата колоквиуми) * Сите предмети се положени со високи оценки од скриптите, во книгите е подвлечено тоа што е најважно да се учи, за цени пишете во инбокс
Споделете некое мислење за Англиски јазик 1.. на кој принцип се одвиваат полагањата? Полесно е на колоквиум или на испит? Повеќе вокабулар или граматика се изучува?
Колешки можно ли е по грешка да ми е внесена оцена во електронси индекс? Неможам да го најдам професорот, а колку се секавам ме немаше во списокот како положена...
Продавам: методи на продажба учебник оригинал + презентации финансиско сметководство учебник + збирка + контен план (најново издание оригинал)