Aјде со ред!Како да го најдам овој баже?Веројатно тој знае што и како се паѓа на испит и што треба да се учи. Второ дали ги чуваш случајно книгите и дали истите ги продаваш Инаку основи на сметководство изгледа веќе не е овој Љубиша,бидејќи на часот кој што бев жена т.е професорка беше. За економија збориш за оваа од Таки Фити книга што е да се прочита 2-3 пати??? Таа има 500 страни сигурно.Не е можно за оваа да збориме. Инаку економија нема скрипти,збирки такви работи или се од книга се учи?
Ајде со ред баш. Книги од прва години немам јас ги дадов лани на другарка. Но разгледај низ групите на фејсбук има многу што продаваат. Освен Љубиша ,има и друга професорка, па најверојатно тебе таа ти се паднала. Нека ти објасни некој друг што бил кај неа, каков принцип она има. Баже адни го на фб ,ќе ти пратам линк во лична порака. И пиши му ќе ти објасни подетално за часовите и ќе ти се јави за термини да ти каже. Економија, да, зборам за таа книга. За прв колоквиум учиш пола, а за втор уште пола. Можеби изгледа голема, но не се учи на памет. Со две до три темелни читања ќе знаеш да ги одговориш прашањата на тест. Но темелно и со разбирање читање. И посвети внимание и на графикони. А инаку економија има можеби скрипти во либро, но не се потребни. Само книгата.
WOW богами ќе има учење.Таки се изнапишувал човеков Инаку еве има и за наша генерација група направено.Прилично нова е стара 2 дена само https://www.facebook.com/groups/455131638020846/
купувам книга математика,збирка и таблица. Основи на сметководство и Основи на Економија.Договор тука или по порака
Здраво.Да ве прашам дали некој знае дали убаво објаснува Филип по математика?Ако знае некој друг предлог освен Баже?
https://m.facebook.com/events/1478882019107417?ref=bookmarks повелете во четврток на 1.10.2015 во 20ч.во просториите на секој студент. Како да се биде успешен бруцош. Ќе имате и можност постари колеги да ги прашате за совет.
Дали ви текнува како беше процедурата за месечна од јсп, земав лист и од јсп и за редовен, треба ли нешто плус да се уплати на сметка за редовен или може и така печат да стават? Исто и за здраствено осигурување ќе ми треба да уплатам 100 ден за редовен?
Дали економија книгата се носи на полагање кај Таки Фити? Секако дека не ти даваат да ја користиш ама демек мораш да ја однесеш оти се бара последно издание.
Vladimir po ekonomija i Zorica mislam bese po smetkovodstvo baraat original kniga ili moze kopija (sekako, bez da ja nosis na polaganje) ? I kakva e Zorica, ako moze nekoj da kaze nesto povekje za nea, po koj princip raboti, dali bara prisustvo i sl...?
они бараат, ама ти можеш и без оригинали да поминеш (не се носат на полагање) зорица мене ми предаваше само 2 недели, после ми ја сменија али од тоа шо ми кажувале другарки шо биле кај неа , за предавање е нешто подобра од љубиша, присуство не бара, а за поени не попушта во никој случај ( другарка испушти 10ка за 1 поен )
продавам Основи на економија оригинал, збирка и таблица оригинал + книга математика за економисти копија
Уште овој месец може да се возиш со старата слободна од лани, од следниот месец ќе треба да си го земеш тој листот од јсп и да ти го заверат на студентски
Да не знае некој да ми каже до каде е Љубиша со предавање со финансиско сметководство или уште подобро до каде е материјалот за прв колоквиум? И дали некој ги има решени кејсовите по Менаџмент, па да биде добар да ги сподели со нас?
Може некој ка каже што се паѓало на прв колоквиум Основи на економија - Владимир , сметководство - Зорица, е- бизнис,математика - Драге ?