Колешки Основи на менаџмент,набројуванките треба да се знаат многу добро,знам,но има ли некои теми на кои би требало да обрнам повеќе внимание? какви ви биле испитите до сега?
Да, се треба да се набуба на памет и нема некоја тема што треба помалце или повеќе да ја учиш, туку треба сите набројуванки. И на колоквиуми и на испити прво добивате два кејса (тоа се раскази што се наоѓаат после секоја тема во книгата) добиваш по едно прашање од нив (ние кога полагавме немаше шанси да ги погодиш, а сега сите ги имаат прашањата) и после добиваш нормални прашања, што ќе се чудиш од кај ги ископал Шуклев
Сега сум трета година средно ама планот за факс ми е да се запишам на економски. Е сега проблемот е што имам слушнато дека во Македонија на економскиве факултети многу имало за бубање и после кога ќе отиделе да работат незнаеле да ги применат работите во пракса. Размислувам и за во странство, исто на економски, кажуваат дека имало повеќе практична работа и помалку глупости на писмено. Што мислите вие?
Ladies,I have a question. Паднав економија. Значи го презапишувам овој семестар. Има ли некој тука од е бизнис да ми каже кој предмет е најдобро да го отфрлам? И ако знаете колку е еден кредит,за да видам колку ќе ми се фати за плаќање на предмет ос 9 кредити,како што е економија? Фала ви однапред.
Мене ме интересира, да ми каже некој од тие сега прва година што се дали ќе имаат во Борис Трајковски собир на бруцоши, како минатата година на 15ти? Бидејки ние имавме и немаше предавања на 15ти и почнавме од 16... За да знам од кога почнуваме годинава
Здраво феминки, ќе може некоја од вас да ми опише типичен ден на факс, у стил има ли многу чекање меќу предавања, тешко - лесно треба ли некои други активности итн
Ами види вака.. Предавањата ти почнуваат од часот колку ти се кажани и 15 минути. Значи,8 и 15,9 и 15,10 и 15 и така натаму. Ако имаш од осум ти препорачувам да бидеш некаде 20 до осум,ако можеш и порано да си фатиш место оти тоа таму е борба за столче. Барем првите две недели или еве нека се три ќе ви биде така,после сами ќе се исчистите и ќе сватите кои предавања се корисни,кои не. Имаш пауза на секој еден час,тоа додуша зависи и од професор,али углавно ја даваат. И сеа,ако сакаш одиш да јадеш,пиеш кафе,пушиш цигара,у WC,каде сакаш таму,имаш време од некои десетина минути. После се враќаш у амфитеатарот и умираш од досада. Ние цел прв семестар го поминавме во амфитеатар 4,најверојатно тој му е принципот за бруцошите таму ги носат,така да,ако си фатиш од првото предавање местотаму ќе си бидеш во текот на целиот ден. Додека ти траат предавањата,освен изборниот,кој неретко се одржува во предавални. За предавалните кај,шо како,како и се друго на факултетот кај се наоѓа имаш одма мапа тука на влезот,така да нема шанси да промашиш. И то.. Други активности. Можеш да се зачлениш во АИСЕК,али јас немам информации за ова многу многу,да не те излажам,мислам дека седиштетот им е во тоа за студентски парламент,можеш да отидеш и прашаш слободно.