Економија може копија Сметководство исто Математика збирка и таблица ти треба оригинал зашто ги носиш со тебе на испит.. можеш од старите генерации да си земеш И изборен нзз што имаш ама претежно копија може : ) А нив можеш да ги набавиш од Либро, Зоки, фотокопирницата на автобуска што е... И плус некои предмети си имаат скратени скрипти кои доста помагаат.. и прашања исто
Девојки колку се плаќа партиципација во кофинансирање? за е-бизнис знам дека е поразлично ама ме интересира за другиве смерови
Ако сака некој таблици и збирка, јас имам оригинал, не се пипнати(хахах), може да му ги продадам, и онака не ми требаат уште од јануари П.С. Имам и нова Економија, ако некој љуби да учи од оригинал, ја купив пошто минатава година излезе ново издание.... Ако сака некој бујрум И се надевам дека Бобек годинава ќе утне и нема да извади нова книга, па да може да си ја купам, од минатава година од некој
Е не ми текна тука да го пишам ова...гњавам, ама мака имам Дали некој добар намерник тука има матерјал или пак целосен труд од околу 30-40 страни на тема ,,меѓународен менаџмент на човечки ресурси,,? Значи не мџм на човечки ресурси, туку човечките ресурси во меѓународниот менаџмент, во ТНТ корпорациите и тн... Ми треба за еден проект кој ми е прилично битен но не пресуден, ама поради обврските на работа и преокупацијата со повредата на маж ми, и оставените обврски на мој грб периодов, не сум во можност да дремам во библиотека и таму да вадам матерјали, а овој тип на литература не дозволуваат дома да се земе... Или ако некој познава некој кој КВАЛИТЕТНО ќе ми го изработи трудов за нормална сума ве молам ама ве молам да ми пишете... се одолжувам обавезно...(2,3 семинарски давам во замена, или си плаќам поштено) Можете по пораче...
Нема да имаме заеднички час во Б.Трајковски, туку во просториите на Економски.. На 15.09.2011 (четврток), од 11.00 до 13.00 часот ќе биде Свеченото одбележување на почетокот на академската2011/2012 година, со следнава содржина: 1. Поздравно обраќање на Деканатот и претставници на студентските организации 2. Подигање на индекси 3. Журка Драги студенти, дојдете сите заедно да ги пречекаме новозапишаните студенти од генерацијата 2011/2012 година. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ! Со почит, Ваш Економски факултет – Скопје
Девојки,ај да ве прашам. Сега,во втора година,кога презапишав предмет од прва. Го презапишав економија,го отфрлив менамент на господин господин Бобек. Мора ли да одам на предавањава на Фити повторно,може ли да си одам кај овој на предавања,или на пример уопште да не одам на факултетот? Дека секако не го полагам овој семестар... Фаал ви.
Мистериоуз, кај кој да одиш кај кој да не одиш? Не те разбрав баш, ама колку толку ќе пробам да ти одговорам. Значи неморално ти е да висиш на предавања, но препорачливо ти е да одиш кај Фити, затоа што ќе ти помогне да не ја оплескаш економијата и оваа година. Фити е еден од најквалитетните професори, не знам зошто не го испочитувате со присуство. Не ради него, ради материјата. А кога си го отфрлила менаџмент, немаш воопшто потреба да одиш на негови предавања затоа што не го ни слушаш тој предмет. Ќе се замараш со дремење на секое негово предавање од пусти страв список да не пушти, наредната година. А дали воопшто да не одиш на факултетот зависи кој смер си, и кои ти се другите предавања. Има некои предмети за кои вреди да се влече по амфитеатри и предавални.
Можеш да одиш кај Таки, сега и на колоквиуми си го полагаш и се, се е исто како прв пат да си го запишала, а менаџмент како воопшто да го немаш.... Како и да не ти бил на распоред
Вииип ме интересира што направи со префрлување од приватна на државна квота? Поднесе молба, ти ја одобрија? Можно ли е такво нешто?
Не поднесов молба, од проста причина што имам врска на факултет и она ми кажа една работа која до претходно не била(претходно мислам на 2-3 години), кога потпишав договор пишува дека морам секоја година да плаќам по 400 евра, на 2 еднакви рати, БЕЗ ПРАВО НА НАМАЛУВАЊЕ. Јас тоа не го забележав, ама еве женава е во администрација и ги знае тие работи и ништо не испадна, а инаку претходно можело... Јбг, јас да си дадам се во рок, да завршам за 4 години, па нека иде поврага...
Не треба да одиш на менаџмент затоа што нема да го слушаш како предмет овој семестар штом си го отфрлила, а на економија по правило треба да одиш но не мора, бидејки знаеш и самата дека не се задолжителни предавањата на Фити. Инаку не знам од каде излезе една информација дека повеке не се презапишувало предмет , туку само го запишуваш тој предмет што ти е заостанат и плус сите други предмети што ке ги слушаш семестаров а не отфрлаш ниеден...Не знам дали е точно ова бидејки ти велиш дека си отфрлила веке предмет..Плус тоа ти колку предмети презапиша??? Ако си го презапишала само економија тогаш зошто не си го отфрлила изборниот предмет туку менаџмент пошо како што знам јас прво се отфрла изборниот ако презапишеш еден предмет па после следи отфрлањето на задолжителните предмети ....? Имаа...јас сум Зошто?
И јас знам дека не можеш да отфрлиш редовен за изборен предмет. Значи, мораш да запишеш менаџмент, а изборниот нема да го запишеш сега. Јас лани така се залетав за еден лесен изборен, ама на студентски ме вратија и доплаќав кредити, затоа што не може изборен да оди пред редовен предмет.
Мислам еден колега отфрли редовен а презапиша математика и плус еден изборен си запиша... Е сега што станува со тој редовен нзз.. дали мора во 3та година да го запише.. слушнав шпекулации ќе го чувал редовниот за во 4та година, дали е можно такво нешто??
Мистириус има сигурно 4 задолжителни во семестаров, затоа мора да отфрли задолжителен, а не изборен. И оти мене Економски факултет и журка не ми одат заедно некако?
Девојки,ви благодарам на сите за одговорите. А ако ве збунив,со прашањево,гледам,вие сте паметни,сте ми одговориле баш тоа што го барав. Значи сакав да знам дали ќе морам да одам на предавања кај Фити,дека веќе ми е слушан предметот,да не го одам по двапати.. А ибаш не ми се поклопува со распоредот,затоа.. Инаку,и јас си го почитувам човекот,али да чекаш ти две недели за еден одговор дали да го учиш само макро или микро економија материјалот за на испит и да го чекаат студенти за оценка од 8 до 4 поручек,мислам нема смисла. И тој Предраг,цревата ми се превраќаат кога ќе му го слушнам името само. А инаку,неможам да го презапишам на место на изборниот,дека немам изборен овој семестар. Фала ви уште еднаш.