Како да знам кои изборни предмети се за втора година летен семестар? Не можам да се снајдам на странава на уким..има милиони изборни предмети со некои кодови,но не можам да разберам кои се за втора година..ако знае некој нека ми пише
Искрено не знам нека каже некој што е на е бизнис департманот. Инаку за другите што ја учат стандардната статистика совет НЕ идете нигде на приватни часови! Сменет е методот на предавања и учење од лани, едноставно само треба да идете на предавања кај Драган Тевдовски ( и да не сте по распоред во неговата група кај него идете немојте случајно кај Славе) и да идете редовно на вежби. Оваа година ќе има и други промени ( можда и нова книга) така да приватните часови само ќе ви одмогнат затоа што ќе учите нешта и на начин што бил порано, а сега е сменето.
Во врска со еколошки менаџмент, некои ми велат дека е многу лесно дека ги дава прашањата, ама сум слушнала дека прашањата биле тешки за учење??
Ако на некој ова му било тешко за учење, тогаш факултетов не е вистинската институција во која треба да иде!
Што е тешко? Имаш прашања во кои ти е наведено дали прашањето ти е со еден и со два и повеќе точни одговори, точниот одговор се препознава зошто другите понудени немаат никаква врска со прашањето Прашањата не се тешки туку на тој/таа што ти кажале тешко му е да го мрдне газот и да земе да ги прочита најмалку двапати и чека 10ка од небо да му падне
Е баш ви благодарам @Elena69221 @темјанушка @Taa1994 , изгледа сум прашувала погрешни личности јас. И јас се тоа чудев како може да е тешко ако прашањата се дадени.
Дали некој може да ми појасни колку изборни вкупно можеме да одбереме од други факултети во 4 годишно студирање според ектс системот?
Какви тешки прашања ти се молам, на тие што ти кажале такво нешто им се чудам до кај ќе стигнат со другите предмети.Со таа фама што ја дигнаа студентите за таков предмет само се потценија сами себе.Човекот даде 50тина прашања кои зафаќаат 3-4 страни А4 формат и повеќето сме 10ки.Може некое прашање е потешко за памтење, некое полесно, ама 3-4 страни се...И повеќе прашања ни даде нас лани од овие прелани па па имаше одлични резултати.Овој и социологија се најлесните предмети што сум ги имала. Да си го земеш и ич да не се замараш. Ako веруваш уште се смеам и се чудам кој кажал такво нешто Девојки јас да ве прашам нешто.240 кредити без дипломската и 31 предмет ли треба да имаме за дипломирање?Рачунам колку ми треба да запишам во последниот семестар и каква варијанта ми е најдобра па затоа прашувам
Oops se izvinuvam. So se nema da smenat za 2-3 godini Mozea i da se doplatat krediti ako imas 31 predmet a ti falat samo nekolku. I toa ako ne go smenile.
По старата програма 2008 требаше 31предмет и 240 кред, дипломската 5 кредити и не влагаше во тие 240,ако имаш 31предм и 239кред се доплаќаше, а сеа нешто се збори дека и дипломската од 3кред влага во 240 кред и дека сеа неможело да се доплаѓа кредити, деновиве ќе идам на факултет баш и мене ме интересират точни информации.
И ако сакаш сподели што ќе ти кажат и мене ме интересира како е сега по новата програма. И да прашам дали знаете некој предмет од друг факултет што носи 3 кредити ( ако знаете да споделите од кој факултет е и нешто повеќе за него).