Еколошки и социологија, сите викаат дека се лесни, прашав и другарка од лани ми рече социологија се пишувало есеј ама со скрипта и се препишала
Кажете ми кај која професорка имате поубаво искуство за економска статистика, кај Габер или Билбиловска?
Јас бев кај Билбиловска од причина што со Габер немав добро искуство со МОИ, поминавме супер.. царица е жената (мн е смешна). Бара редовност (ама и дава поени од редовноста), можеш и семинарска да направиш (не е задолжително). Пред колоквиумите даваше една комбинација и на колоквиум добивме слични прашања и задачи како од комбинацијата (инаку има 3 задачи, 3 отворени прашања и 3 на заокружување прашања). Ако си редовна (и на вежбите) и со едно читање на книгата положуваш без проблем. Е сега лани соодносто беше 90% од студентите кај Билбиловска, 10% кај Габер и бидејки беа малце знам дека и тие не поминаа лошо (доста им попушти од таа причина). Се надевам ти помогнав, поздрав. П.с. : тешка околност е и кај двете што не даваат да носиш формули на полагање, мора да се знаат напамет, а има многу.
Колешки дали може некоја да ми каже кои броеви треба да стојат на уплатницата за редовен студент во делот кај приходна шифра?
Да препорачате некој за приватни часови статистика? Одев кај Баже на математика и задоволна бев, па сега мислам пак кај него, па ако има некој искуство нека каже? Знам дека има нешто сменето во програмата, но тој рече дека прилагодил.
Девојки..предлог втора година летен семестар изборен предмет..некој што не дава проекти или пак подиспрашува.
Нема услов на економски ниту за семестар ниту за година, такада немаш гајле и ништо да не ти е положено можеш да запишеш втор.
Помеѓу А1 и А4, кога одиш од А1 накај А4 првата. Ја дели со асистентката Билјана по економија. А ако прашуваш за Славе не знам точно кај му е кабинетот. Можеби доле, кога гледаш накај бифето од левата страна ходникот (од студентски надоле), па на крај, ама воопшто не сум сигурна за него.