Може да ми каже некоја нешто повеке за Демографија што го имала како изборен?? Каков предмет е, дали се тешки колоквиумите, дали се задолжителни предавањата и дали бодовите од присуство се само за поголема оценка или...?
Ме интересира кои професори бараат присутност на часови во прва година? И колку изборни треба да земам во зимски семестар?
само еден се зима во зимен и еден во летен за присуство зависи од професорите пиши ми лп за кој точно те интересира
Добро утро за сите Феминки! Јас сум нова на форумов и се надевам дека тоа не е причина да не можам да споделам мислење со сите вас. Имам некои нејасни работи во врска со факултетов.Сега се запишав вонредно,и не знам како се одвива студирањето,во смисол со кој треба да контактирам,кога треба да бидам присутна,од кои книги да учам...Во суштина кој е текот на вонредното студирање? Поздравчињааа...
Луѓенца бе изборниот ми се поклопува цела недела. Некои од другарките биле прашале на студентски и им рекле да го сменат одма... што да правам??? Иам одбрано трговско.... кои од другите предмети се полесни?????
Исто како редовен студент, само што не мораш да одиш на предавања (не е задолжително). Истите професори, истите книги, предавања...се е исто за сите.
Економистки, да ми кажете нешто за проф.Снежана Р.Јовановска?Се ли се учи, дава ли прашања, како се учи...не сум од Економски, ама ми предава маркетинг
Не го менувајте, не треба да идете на предавања трговско, и на нас едниот час минатата година ни се поклопуваше па ништо, не се будали, не ти треба да идеш ан предавања, досадно е, а и нема потреба, нема плус поени или нешто ако одиш на предавања...
Мене ми е да не ми направат некој проблем... оти на некои што ги знам им рекле на студентски да го сменат а и на странта истакнале од кога до кога може да се промени...
Преку колку колоквиуми се полагаат предметите од прва година? Некои ми кажуваат дека преку два а некои на три. Ако знаете кажете ми од прилика за колку време ќе ни бидат
Преку два, и не само во прва во сите години, сите предмети на Економскиот факултет се полагаат преку два колоквиуми, освен некои кај кој нема колоквиуми туку дирекно на испит како Англиски 1 што е... Незнам, ти си знаеш јас не би го мењала, што ако ми се поклопува.... Освен ако не проработат електронските картички, а нема рекоа од февруари... Само некои глупости измислуваат...
Ќе може ли некој да ми каже каков професор е Блажо Недев,првпт сега ми предава сметководство на трошоци,дали бара присуство на предавања,дали бара многу учење и слично?????
Какво менување, немој трговско да го даваш за ништо на свет Чудо големо ако не одиш на предавање, нема да ти прават проблем и професорите се свесни дека некои предавања се преклопуваат
Снежана од секогаш си барала. Колоквиумите и се полесни, ама затоа на испит ние се окозувавме, а сега мислам дека малце полесно. Ги бара сите набројуванки, знае да стави и некои ,,сопки,, од типот која по ред е таа и таа цртичка. А по која книга учите, истата од Економски што е?