1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Економски факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од LadyS, 18 јуни 2010.

  1. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.076
    Пол:
    Женски
    Луѓе, ми треба една за мене, многу важна информација. Бидејќи го пропуштив рокот за апликација во Данска каде што требаше да студирам економија бидејќи од училиштето не сакаа да ми ги дадат документите сакам да знам дали факултетов е признаен во странство или не? Дали ако тука завршам прва година со висок просек ќе можам таму да продолжам втора т.е. да не ми ја поништат?
    Правниот и многу други знам дека не се, за жал... Кој знае ве молам за одговор
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Признаен е факултетот, без гајле.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Ме интересира има ли период кога се аплицира или конкурс за волонтер во центарот за кариера? И има ли многу обрвски, бара ли многу време оваа работа?
     
    На Paolita му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.076
    Пол:
    Женски
    А за избор на смерот може ли некој да ми помогне? Јас слабо стојам со математика ама ќе ја совладувам а вака брзо учам, имам супер меморија. Има ли многу математика?
    Јас ги гледав департманите и првичен избор би ми бил економија а алтернатива финансиски менаџмент ама тука мислам дека има доста математика или пак менаџмент...
    Јас во иднина би можела да се видам во политика или во практично водење на претпријатие но не и зад шалтер, тоа е крајно здодевно и некреативно за темпераментна личност како мене додека а вака сум добра во комуникација, расправи.
    Ми треба помош од некој што веќе има искуство зашто мој избор можеби и не ќе беше економски ако тоа не беше единдтвен начин за компромис меѓу мене и моите родители.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа начинот на кој размислуваш и се распрашуваш, како себе да се читам. За смеровите вака - најтежок смер кој бара многу математика е сметководство и ревизија, но сепак доколку се сака не е нешто што не може да се совлада. Според мене со овој смер добиваш најмногу практично знаење, кое ќе ти користи понатака, и во водење на претпријатие. Финансиски менаџмент е со помалку математика, предметите повеќе се осврнуваат на банкарство и работа со државна каса. На овие два смера обично се запишуваат најдобрите студенти. Додека пак економија е еден од полесните смерови, каде предметите се повеќе теоретски.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.571
    Допаѓања:
    32.855
    Пол:
    Женски
    Јас имам завршено сметководство и ревизија. Според мене нема многу математика, со обзир дека јас многу ја сакав математиката , а бубање мразев.Не е точно дека има пракса нема .Наште факултети се без пракса.После завршувањето ти треба уште многу за да научиш смртководство ;) Финансиски и сметководство имаат најмногу слични предмети. Според мене најперспективен департман е е-бизнис смер на иднината кој не е развиен доволно во Мк.Но доколку некој се гледа во странство мислам дека е-бизнис е 100% за него :)
     
    На Leat и Seli20 им се допаѓа ова.
  7. Taa.

    Taa. Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    22
    Како што разбрав сакаш само прва година да студираш тука а после да идеш во странство, значи нема врска на кој смер ќе се запишеш бидејќи во прва година на секој смер се учи исто. Во случај да не отидеш во странство онда по тоа што го видов мислам дека највише ќе ти одговара смерот - менаџмент, речиси и немаш работа со бројки, имаш еден куп предмети за кој ти треба само добра меморија и на крај не е смерот за работа на шалтер нели ( иако најголем дел од нас на крај така ќе завршат, или барем така ќе почнат).
    ПС Јас сум на фин. менаџмент и исто и него можам да ти го препорачам, не е точно дека сеа имаме кој знае каква математика, поточно немаме никаква ( освет таа во прва година што ја учат сите смерови), имаме по некои предмети задачи точно, ама верувај баш тие задачи највише не вадат на испити. Инаку сеа нашиов смер не е како порано, сменети се предметите и дел од професорите па имаме нови предмети и супер млади професори, се на се кога пак би се запишувала на економски пак би го избрала финансиски менаџмент. :D
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Morena.Roxy.Lina

    Morena.Roxy.Lina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Дали ќе сака некој да сподели што идел на пракса во некоја од фирмите што се на листата, искуство ? :) Маркетинг сум смер, не ми се оди во банка.
     
  9. Princess97

    Princess97 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2016
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    А зошто не пробаш со политички науки за почеток, па после ќе си избереш опција за мастер на пример меѓународна политика :)
     
  10. matejaaa

    matejaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    134
    Знае некоја каде и се наоѓа на Александра канцаларијата? ми треба за да земам оценка по организациско однесување.
     
  11. Heloise

    Heloise Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Меѓу Амфи 1 и Амфи 2 во пролазот. Лево во просторот со три врати.
     
    На matejaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buttercup5

    buttercup5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    1.240
    Пол:
    Женски
    Ако некој знае фирма што дава потврда за пракса без да одам, нека ми пише ЛП ептен ќе му бидам благодарна :)
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl96

    girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    Некој што ќе се запишува на факултетов, или веќе студира, да ми пише ЛП?
     
  14. Taa.

    Taa. Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    22
    Што конкретно те интересира?
     
  15. PoisonIvyFatale

    PoisonIvyFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Сметководство или финанскиски менаџмент? Кој е поперспективен факултет и каква е нивната тежина? Се совладува ли математиката ако бев општа гимназија?
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. matejaaa

    matejaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    134
    За колку време отприлика се спрема меѓународна економија?
     
  17. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    3.894
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира ова, и од што учите ? Книга, скрипта, прашања?
     
  18. Taa.

    Taa. Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    22
    Немој многу да гледаш страна кое е поперспективно затоа што реално и смерот не игра кој знае колкава улога во перспективата. Види на кој департман кои предмети се учат, за што би требало да бидеш стручен по завршувањето на школувањето и кое ти изгледа поинтересно тоа избери го ( иако со секој смер можеш се да работиш од областа на економија и бизнис, сеа колку ќе си стручен за тоа е веќе друго прашање).
    Јас сум на финансиски и супер ми е, во главно професорите на нашата катедра се ок, нашите предмети во главно се учат со разбирање, а не на памет ( како што се предметите од смерот менаџмент), во некои од предметите има квантитативни делови, ама не е ништо страшно. А за сметковотство, не знам мене тоа ми е најдосадната област од економијата, сите предмети што на мојот смер се учат од таа катедра ми биле најдосадните предмети ( можда затоа што професорите се такви).
    За математика немај гајле и јас со гимназија го пројдов ( ама секако ќе мораш да обратиш внимание на неа, не е нешто претешко ама мора да се научи).
    За крај ќе ти речам сама одбери си кој смет, не е никој многу потежок од останатите ( иако сите ги издвојуваат финансиски и сметковотство како најтешки, воопшто не се страшни и ако учиш нема да имаш апсолутно никакви проблеми на кој и да си смер. Позз :)
     
  19. Heloise

    Heloise Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Зависи од интензитетот на учење. Со спремен материјал за 4-5 дена. И тоа не за 6ка туку за поголема оцена.
    Јас учев од книга и прашања. Книгата ја имав неколку пати прочитано и си имам извадено скратен материјал по кој се водев, инаку за време на процесот на учење треба да учите така што наученото ќе ви биде една целина, не може како што се учи социологија или организациско со препознавање еден збор до точен одговор. Книгата треба да се знае. Прашањата се само после за завршно повторување.
     
    На smooch му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Renata52764

    Renata52764 Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали ќе ме примат на Финансиски Менаџмент со 97,7 поени од матура и од сведителствата ?