Не дава прашања, ќе треба сите набројуванки да ги научиш за жал. Преку колоквиум ако успееш да го положиш е подобро.
Убаво ти кажа Виииип, немора трговско да се иде на предавања, а секако е еден од полесните предмети за бирање. Ако толку си запнала да го смениш, бирај Англиски 1 и кај неа немора да се иде на предавња, а на испит се поминува речиси без учење, ај да не претерувам али јас се посветив еден ден и добив 9
Девојки може ли да ми кажете нешто повеке за професорите Зорица Божиновска, Драги Јанев и Предраг нз како се презива по економија предава ... како одат полагањата...даваат ли тешки прашања...бараат ли редовност иии нешто повеке за предметите основи на екон, математика и сметководство - лесни - тешки...
Ај некој од постарите колеги да сподели искуство.... Значи вака, математика го презапишав, отфрлив изборен... значи го имам запишано и финансиски менаџмент... Е сега, прашуваа на студентски дали може со презапишана математика, да се избере и изборен а да се отфрли фин менаџмент (така направи една познаничка) и им рекоа дека нема шанси да се запише фин мен ако немаш положено математика!! Wtf?! Е сега ств нзз кој да слушам... сите викаат мора да се запишат прво редовните па после ако имаш за презапишување, знам за тоа што пишува на страната за условите за фин мен ама сите викаат дека тоа не важи... И ме интересира дали сте имале случај да не сте положиле математика а сте запишале финансиски мен без проблеми???
Зорица Незнае да предава, ама лесно е сметководство, сам по себе предметот е боза, лесно се учи се е од збирка.... Драге...Исто така незнае да предава ќе си идеш на приватни часови ќе си завршиш работа, инаку на колоквиуми ако положиш дава оценка до две плус.... Предраг, го мразам, довратно препотентен е, лажно фин, СКОТ, ама добро предава, ама со Таки неможе, колоквиумите се тие, треба со разбирање да се учи и е лесно со еден или два точни одговори, не е тешко... Незз што поконкретно те интересира...
Зорица Божиновска-редовност не ти треба.... првиот кол мн лесно се положува со прашања од либро и прашањата во збирка што се, а за вториот треба ств малку повеќе учење зашто е мн мн потежок : ) Ист принцип е и со другиот прфесор, значи сите критериуми од сите професори за прва година се исти, без разлика од кој смер си можеш кај кој професор сакаш да одиш....А оваа Зорица тешко се наоѓа на пр кога ја бараш за оценка да земеш Драге Јанев- но комент хх треба вежбање, вежбање, вежбање.... ако немаш среќа да ти се паднат задачи од збирка : ) редовност не ти треба Предраг- лани беше асистент и мн е некако..арогантен или како да кажам, предаваа Таки Фити и Филиповски, редовност не ти треба ни тука, ама пожелно е да одиш посебно кај Фити мн можеш да научиш, се паѓаат прашања и од тие од либро, ама како и да е убаво треба да го имаш совладано материјалот за да положиш : )
Уф.. Колешке,и јас така чув. Баш види на страната на факултетот,пишува на предметот финансиски менаџмент ова:услов да се запише предметот е да се имаат положено предметите математика и сметковоство. Имав еден колега имаше проблеми исто со ова,најубаво иди на студентски прашај си,ако до сега веќе не си завршила работа.
Да да, знам за тоа на страната... ама на едно девојче ист случај како мене и дозволиле, немала никаков проблем.. ќе идам во понеделник ќе си прашам. А колегата оваа година имал проблеми или минатите години?
каде се тие прашања т.е либро што се пагаат на колоквиумите дали тоа се прашањата што ги има во учебниот на крајот од лекциите или ...?
^^ Либро ти е книжара,фотокопирница како сакаш во Мавровка,спроти факултетот. Неможиш да не ја забележиш,има жолта табла пишува либро,значи ќе ја видиш секако. Таму има прашања,комбинации,скрипти од материјал по сите предмети што се паѓале претходно и што сеуште се паѓаат. Така да,за што и да ти треба најубаво оди земи си се од Либро и немај мака. А инаку Емче,колегата не дека имаше нешто проблем,него се интересираше за истото како што и ти,а не знам што направил. Инаку,тоа е оваа година,мислам сега при запишувањето на овој семестар се дешава овоа. Се надевам ќе средиш работа.
Ќе ми треба помош од вас Правам дипломска работа по предмет сметководство, тема извори на средства и принципи за нивна евиденција... па ако можете да ме упатите кај да барам материјали, инаку не сум на економски факултет. Па ако е расположен некој за помош
Срце, јас сум само 2ра година, ама можам да ти напишам до сега кај сум сретнала такви работи, па книгите можеш да ги побараш во библиотеката на економски факултет: Русевски, Трајко, Блажо Недев, Зорица Божиновска Лазаревска, Љубиша Јаневски, Зоран Миновски: Вовед во сметководството, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2004 Димитар Бојаџиоски, Олгица Блажеска: Економика на претпријатие, трето издание, Економски факултет-Скопје, Скопје, 2009 Во овие две книги би имало нешто општо за изворите на сретства, а за принципи на нивна евинденција можеш да најдеш и во првата, ама најмногу ќе најдеш, овде: Д-р Трајко А. Русевски, д-р Љубиша Јаневски, м-р Саша П. Твртковиќ: Финансиско Сметководство, петто издание, 2011 година, Економски факултет... Се надевам дека ќе завршиш работа ииии, ќе се пофалиш дека си дипломирала
Има ли некој што го имал предметот сметководство на трошоци или пак управувачко сметководство...ми треба помош
Ме интересира дали мора книгите за прва година да се купат на ново, бидејќи кога купуваш запишувале број на индекс? Ве молам кажете ми што да правам, бидејќи планирав на старо да ги земам..