Одличен предмет за изборен, многу добра професорка, може материјалот да ти изгледа малку апстрактен, се работи на компјутер, лани бидејќи бевме многу требаше ние да си носиме лаптопи, но ништо страшно ако немаш може по 2,3јца на еден, предавањата не се задолжителни, а се полага писмено, на заокружување е и се носи книга на полагање. Прашањата се лесни, разбирливи, доволно е еднаш да го имаш прочитано материјалот за висока оценка
Може ли да се запише семестар без оценка од претходниот летен семестар, со положено во мај на колоквиумска?
Сакам да ве прашам подетално за смерот економија некој ако има искуство? Јас сега се запишав прва година сум.Ако има би ве замолила да ми пишете во порака.
Да ве прашам: Годинава сум бруцош и добив информација дека иако првиот академски час е во четврток, со предавања ќе се почнело на 19ти. Дали е точна информацијата?
Книгите и онака не ви требаат за на предавање. Пред четврток ќе објават распоред на страната, следете. Така викаат бидејќи во петок само изборните предмети се држат, а со предавање по овие предмети се почнува кога ќе завршат уписите, значи од следната недела
Од Методи на продажба и Општествено богатство и национални сметки кој би ми го прпеорачале да го земам за изборен?
Јас лани го имав богатство и ми беше еден од најлесните предмети што сум ги имала. Проблемот е тој што лани го предаваше Биљана а сега е на породилно па ќе го предава Сашо Ќосев, ама како што разбрав матријалот ќе бил исти, а доста лесно се меморираат и сваќаат работите што треба да се научат, башка за прв кол. скоро све е учено од основи на економија. За методи на продожба од лани го предава Димитар и имам слушнато само позитивни коментари, но немам лично искуство.
Продавам: Макроекономија книга+ прашања Финансиски пазари и институции книга+ прашања Финансико сметководство книга + збирка + прашања + контен план оригинал најново издание За подетални информации пишете ЛП.
Реално јас овој предмет на никого не би го препорачала за изборен. Да не те плашам ама подобро би било трговско право да си земеш. Етика не е тешко ама проф Леонид е никаков,има грд однос кон студентите, бара редовност на предавања и вежби, пушта списоци, бара од студентите да дискутираат, да бидат активни при предавањата. Ако сакаш може и проект со презентација за повисока оцена. На колоквиуми има прашања на заокружување каде што можат да бидат точни едно, две или сите од понудените. А има и отворени прашања. Ја искрено првин се плашев од тие отворени ама излезе дека тие не извадија зашто беа прашања на кои што можеш да изфилозофираш нешто и ќе добиеш некој поен. Може да се извади добра оценка ако си редовна на предавања и вежби, дава поени за тоа, и ако имаш проект со презентација исто и тоа носи доста поени.