Економски факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од LadyS, 18 јуни 2010.

  1. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Aко има некој книги,скрипти за прва година нека кажува да му ги купам одмa! :sweat:
     
  2. Elenaaaaaaaa

    Elenaaaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    31
    Devojki, ke moze li nekoja da mi kaze od kade da ucam makroekonomija, dali e tocno deka so tie prasanjata od libro se polozuva? Knigata mi izgleda dosta golema, pa ako moze da pomognete kako da si olesnam :)
    [mod-kirilica:lrish243][/mod-kirilica:lrish243]
     
  3. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    401
    И јас сакам да побарам помош од вас феминки, кои го имате полагано менаџмент прослата или предпрослата година, ми викаат сите набројуванките само, ок учам набројуванки, но малте не и меѓутекстот е набројуванки, сеа да ги учам само главните потенцираните набројуванки или и измеѓу тие, ај помогнете ми, и нешто почесто што се пага, како полесно да се положи... Идеа??? :D
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Па јас не ги учев тие забутаните, значи сите освен тие па положив. Ај да ја разгледам новата книга, па ќе ви кажам кои набројуванки обавезно се паѓаат.
     
  5. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Јас учев од таа скриптата, тогаш немаше книга и прилично ми беше тешкичко. Ама тоа е зашто не знаев дека се паѓале прашањата од домашните (сегашни и од претходни години), а и плус имаше некои други прашања, што излегоа не знам од каде, веројатно сега се стигнати и до Либро. Јас за третиот колоквиум ги учев само прашањата, книга не пипнав и извадив 75 бода. Е сега...се надевам уште ги дава истите прашања.
    Кога ќе почнеш да учиш, ќе сфатиш дека немаш време за најбитното, а камо ли за некои забутани, макар и битни факти. Учи си најбитно, јас учев и дефиниции, макар да не се паѓаа нешто многу. Набројуванките се најбитни и учење од збор до збор. Ние на менаџмент на мал бизнис имавме некое прашање и притоа понудени одговори- А)Потребите на купувачот Б)Потребите на потрошувачот...Поентата ми е, научи си убаво на памет и ќе немаш гајле.
     
  6. Elenaaaaaaaa

    Elenaaaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    31
    Ти благодарам Либера :) Ќе ги земам тие работи од Либро и да се надеваме дека ќе помогне :)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maichkaaa

    maichkaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    0
    А одговорите на кејсовите многу тешко можеш да ги погодиш кај шуклев така разбрав???? :worried:
     
  8. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Па искрено, ти треба многу среќа. Јас барем еден погодував. Ќе зирнеш од кај колегите, ќе се консултираш до тој до тебе :D Се случувало да даде ист кејс на колоквиум и испит и да бидат различни одговори. На предметите кај Шуклев не се мачете да барате логика.
     
  9. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    401
    Посебно што сега ни ги смени и кејсовите... Епа јас си почнав да си учам и не ми е нешто кнап, си учам полека по полека, ама не е лесно ама ИЧ.... ОДВРАТНО... :envy:
     
  10. Elenaaaaaaaa

    Elenaaaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    31
    A дали може да се положи без кејсовите? Jас и среќата при заокружување сме два различни поими, така да знам дека нема да ги погодам, па затоа прашувам дали може да се помине без нив... :)
     
  11. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти одговорам баш на тоа, 10 бода од 1 кејс не се мала работа. Зависи и колку ќе бидат слаби резултатите па евентуално да ја спушти границата. Најди си некоја колешка и седни до неа, барем ќе имаш со кој да се консултираш. Никогаш не седнувај најгоре во амфитеатар зашто ќе те преместат. И јас никогаш не сум имала среќа, ама ете еден барем погодував. Така да, секогаш постои надеж. Ви посакувам среќа на сите!
     
  12. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Ако не ги погодиш, 20 поени од старт губиш а 51 ти требаат за да поминеш ако не ја спушти границата. Лани на колоквиум ја спушти, ама во мај и август си остана 51, зависи од тоа како ќе биде расположен во моментот.
     
  13. maichkaaa

    maichkaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    0
    А најбројуванките ама баш сите треба ,ќе ми помогне ли нешто ако ги земам прашањата од Либро колку да знам на што да обрнам внимание или нема потреба се да си учам :worried:
    Добро а сметководство на трошоци има ли некој што го имал како предмет и што го има положено ...зошто слушам многу се жалат а и мене стварно ми е многу глупав а и тоа марина што го предава го нема во книгата
     
  14. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    401
    Може да се положи и без кејсови јас така знам, мои 3 другарки положија без кејсови, ама затоа другиот материјал ЗДРАВО учење...

    Но мене ме интересира кејсовите најчесто се со еден одговор??? Плус наслушнав дека им рекол асистентот на дисперзираните во Струга дека ќе ги решаваат кејсовите, па можат малку колешките од таму да ни помогнат на нас сиротите од Скопје... П.С. Плус во Струга на 27ми им е колоквиумот на нас на 31... Се надевам ќе бидат фини да ги спорелат прашањата со нас... :)) Луѓе ќе биде, јас верувам дека ќе биде, страшно ми е страв ама па колку шупаци знам што положиле па за нас ли е проблемот... Ма ве молааааам... За 2 години излагаме сите како дипломирани економисти(јас најголемиот песимист го кажувам ова) :D
     
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Не се сите кејсови со еден точен одговор. До сега не беа така, имаше и со два, а еден колега што беше на увид, Столе ми кажал за еден кејс дека сите понудени одговори се точни. Така да нема правило.
    Инаку многу е битно барем еден кејс да се одговори точно, снаоѓајте се, препишете ако можете, затоа што многу е тешко да се помине без нив.

    Маичка пошо нели нова е книгата, во Либро нема излезено најнови прашања. Има ама тоа се од постарите книги. Не знам колку измени има во новата, ама можеш да ги разгледаш за да видиш од прилика како, што дава.
     
  16. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    401
    Не е многу сменета, има исфрлено нешто само помала е малку, а додадено нема многу... :)
     
  17. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Вииип, учи ги сите набројуванки, вклучувајќи ги и оние во табелите и во текстот.
    Имаш на групата на фејсбук прашања, т.е таму се сите прашања кои се вртат по Либро, мибро по колеги, па нешо директива сликано од полагање, скоцкани се убаво, одговарај ги, и веруј многу помагаат за да се положи.

    Јас да прашам, кој има слушано Маркетинг-менаџмент? Какви се колоквиумите, на што да обрнам внимание, на набројуванки дефиниции или?
     
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Епа тогаш, не би требало да има некои големи промени во прашањата. На Colleagues се вртат едни прашања и се паѓаат и на колоквиум и на испит. И запамтете, недај Боже да паднете на колоквиум, во јануари на испит се паѓаат истите прашања од колоквиумите, секоја година е така.
     
  19. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    401
    Огромна желба ми е да не стигнам до јануари, да си завршам со време... несакам да мислам на јануари... :(
     
  20. howdoyoudo

    howdoyoudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    дечки може да остаите линк за каде можат да се најдат прашањата фаала