Јас сум изгубена во свемирот и да ве замолам за ООгромна помош Кои професори предаваат прва година на Финансиски Менаџмент? Кои книги ми требаат?
Исти се, само економија, на дел им предаваат асистентите на Таки Фити. Тој ни предава само на Економија и Менаџмент, на другите департмани им предаваат асистенти.. Трговско право е истиот, сметководство и математика истиот
Колешки јас сакам да ве прашам, за семинарската која мора да ја направиме една во 2ра една во 3та година, кај кој би ми препорачале да направам, за да си поминам полесно не за друго, имам неколку готови семинарски па да ми послужат, да си одберам сама тема и да не ми праи проблем Макроекономија- Трајко славевски Фин. пазари и институции- Михаил Петровски Фин. Сметководство- Љубиша(ама немам баш семинарска готова за овој предмет ) Менаџмент- Бобек(ама не би се осмелила) Јавни финансии Монетарна економија Ај ве молам помогнете ми
Дали имате некоја семинарска по предмет УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК и ВОВЕД ВО ОСИГУРУВАЊЕ? За се друго...отом потом
дали некој знае до каде ќе биде првиот колоквиум финансиски пазари и институции и дали професорот нешто ќе ни скрати?
И мене тоа ме интересира, и ме интересира некој од постарите генерации да ми каже како да го учам предметов одприлика какви се прашањата, пошто ми кажуваат со размислување, не се од книга незз што, и страв ем фаќа незз како да учам
Сакам да прашам дали полагањето по трговско право, сметководство и економија (прва година) е се на заокружување?
да сите се на заокружување само зависи кај некој со еден точен одговор,кај некој со 2 а има и со сите 4 имаш потенцирано на тестот
дали има ноемвриска сесија уште еден испит ми е останат ај ако некоја знае ако може да пише ама итно ми е и ако има кога треба да се поднесе молба и сл. фала
Да. Трговско ти е со еден точен, економија со еден или два, а сметководство на 2 колоквиум имаше едно или две прашања со по 2 точни одговори, друго се е со еден
Трговско да не пипнеш јас ти гарантирам дека ќе положиш абе мислам на слепо дека ќе погодиш... А сметководство прв колоквиум ви е цел од збирка... Амаа цел... Јас има 98 поени на прв... А втор е малку потежок, т.е. мн потежок јас жива се препотив кога го видов колоквиумот, ама пак извадив некои си 80тина поени... Лесни се мн двата предмети... Може најлесните 2 предмети од прва година се... Без паника
Некои информации за кога ќе биде колоквиумот макроекономија??? Марина кажала дека менаџмент бил на 31, фин сметководство на 4ти, пазари на 9ти... А макро???